Родителите во 1985 vs. родителите во 2015

Родителите воопшто немаат едноставна улога, а на грижите и воспитувањето никогаш им нема крај. За жал никој не може да учи од претходната генерација како да се справува со проблемите на кои наидува.

roditelite-vo-1985-vs-roditelite-vo-2015-01.jpg

Ако некогаш проблемите кои ги имаа родителите беа како да го натераат своето дете да се прибере дома, денес прашање е како би можеле да го натераат да излезе надвор и малку да се социјализира со врсниците...

Слична е ситуацијата и со начинот на исхрана... Ако порано децата требале да се молат да јадат, денес прашање е како ќе ги одвикнете од брзата и нездрава храна.

Ако направиме една мала ретроспектива, постојат неколку работи по кои се разликуваат децата и родителите во своето однесување и воспитните мерки кои ги употребуваат:


Родителите во 1985-та година:
„Напиши прво домашна, па можеш да излезеш.“

Родителите денес: „Домашна? Пак ве малтретираат со глупости?“


Родителите во 1985-та година:
 „Нема станување од маса додека не го изедеш лебот.“

Родителите денес: „Синко, ако не сакаш компир манџа, земи пари од мојот паричник и купи си сендвич.“


Родителите во 1985-та година: 
„Синко цел ден си на улица, ќе ти текне да се прибереш дома?“

Родителите денес: „Добро, со недели си дома седнат пред тоа таблетот, ќе излезеш на воздух малку?“


Родителите во 1985-та година: „Не ме интересира што прави Давид, ти нема да излегуваш до 11 часот.“

Родителите денес:  „До кога излегуваат твоите другари? Јави ми се кога да те земам од диско или земи пари за такси.“


Родителите во 1985-та година: „Не ме интересира кој прв почна и двајцата ќе јадете ќотек.“

Родителите денес: „Мајкини престанете со расправање, ајде ќе одиме ќе купиме уште една маица за да не се тепате.“


Родителите во  1985-та година:  
„Излегувај, ама внимавај што правиш, памет во глава.“

Родителите денес: „Кога ќе се вратиш? Гледај да не биде рано наутро... Ако има нешто, ѕвони ми на мобилен.“


Родителите во 1985-та година:
 „Пак те казни учителката? Што направи сега?“

Родителите денес: „Укор? Каков укор, веднаш одам да се расправам со неа. Како смее така да се однесува?“


Родителите во 1985-та година: 
„Оди купи леб, ако ти остане кусур купи си турбо базука или лижавче со мастика.“

Родителите денес: „Купи јајца и еве ти стотка ако сакаш нешто да се почастиш“

Би можело да ве интересира:

10 фрази кои родителите ги кажуваат несвесно, а ги „прогонуваат“ децата и кога ќе наполнат 30 години... Секоја генерација носи невидлив товар - зборови слушнати од своите родители. ...
12 ситуации кои покажуваат дека секој ден како родител е нов предизвик, низ илустрации Кога бабите и дедовците ќе почнат трка за давање подароци, честопати е невозможн...
„Не, сине, ништо не ми должиш, оди слободно по својот пат (нека не те плаши мојата старост)“ Мајчинството не е договор, ниту долг, тоа е бескрајна љубов која не бара ништо з...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Децата не треба да имаат Инстаграм профил“: Навики кои модерните родители треба да ги заборават „Точно е дека постојат и лоши наставници, но ако вашето дете има слаби оценки, м...

Најчитани неделава