Мајка сте кога...

Побаравме од мајките искрено да ни одговорат на прашањето: Што значи да се биде мајка?

majka-ste-koga-01.JPG

Ова се нивните одговори:

Мајка сте кога:

1. Слушате некое минијатурно нешто како вреска и наместо да избегате што подалеку вие трчате право кон него.

2. Ви требаат 7 минути за да го направите она што најголемиот дел од луѓето го прават во текот на целиот ден.

3. Happy hour се 60 минути помеѓу моментот во кој детето заспало и моментот кога конечно и вие одите на спиење.

4. Трезнењето после пијанка одзема повеќе време од опоравувањето по помала хируршка интервенција.

5. Одењето сама во супермаркет е совршена комбинација од одмор и задоволство.

6. Можете да го почувствувате и рајот и пеколот, истовремено.

7. Сфаќате дека има три нивоа на физичка болка: болка, ужасна болка и болката предизвикана од згазнувањето врз лего коцка.

8. Имате супермоќ да слушнете кашлање или кивање преку затворени врати, сред ноќ, на оддалеченост од две соби, додека вашиот партнер мирно си `рчи лежејќи покрај вас.

9. Многу повеќе би сакале да се наспиете отколку да имате секс.

10. 15-минутно туширање без да слушнете „Мамоооо!“ ви изгледа како цел ден поминат во џакузи.

11. Влажните марамчиња се вашиот најголем сојузник при чистењето.

12. Имате скриена кутија со чоколади бидејќи, искрено, смачено ви е постојано да ги делите со некого.

13. Сфаќате дека сè уште не сте го смениле каналот со цртани филмови и покрај тоа што вашето дете заспало уште пред 30 минути.

14. Решавате да го задржите истиот автомобил уште 10 години бидејќи: а) не можете да си дозволите да купите нов, и б) сè уште не пронајдовте средство за чистење со кое ќе ги снема сите тие флеки од млеко и фломастери.

15. Миењето заби навечер ви изгледа како искачување на Монт Еверест. 

М.С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Патување без деца? Да! Бевме со сопругот во Рим и ни беше како втор меден месец“ „Рим, само ние двајца. Чекавме 4 години. Четири години за да побегнеме од улогат...
9 комични ситуации во кои ќе се пронајдат (сите) родители на тинејџери Ако тинејџерот постави прашање, тоа не значи дека сака да слушне одговор... Сте ...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Како од мали да ги научите децата да го сакаат учењето и да бидат снаодливи? Кога детето ќе ви постави прашање од типот „зошто тревата е зелена“, обидете се ...
Децата не знаат за предрасуди, ги учат од нас Кога ќе се родиме, ние сме најчистите суштества на планетата. Родени од љубов и ...
Пар од Македонија, кој живее во Виена, доби шесто дете: „Најмалата ќерка се роди пред 3 дена, благос... „Имаме шест деца кои се на возраст од 13, 11, 6 и 4 години, едно дете од година ...

Најчитани неделава