Кога не верувате во себе, тука се вашите мајки да го направат тоа за вас

Светот е сурово место за живеење, посебно кога сте дете и не знаете како да се обраните од сите препреки кои животот постојано ви ги поставува. Но, затоа тука се мајките, да се грижат за вас, да веруваат и да ви покажат дека во секој од вас се крие генијалец.

koga-ne-veruvate-vo-sebesi-tuka-se-va-ite-majki-da-go-napravat-toa-za-vas-001.jpg

Да не била упорноста и вербата на мајката на Томас Алва Едисон, светот денес сигурно ќе беше сосема поинаков.

Еден од најпознатите американски пронаоѓачи со изуми како фонографот, микрофонот, акумулаторот, електричната светилка и телефонот можеби немало да постигне ништо од тоа, да не била неговата мајка.

Еден ден малиот Томас си дошол од училиште носејќи ѝ на мајка си парче хартија, кажувајќи дека му го дала учителката и му кажала да не го дава никому освен на мајка си.

Можел да забележи како очите на мајка му се полнат со солзи како што таа го читала писмото на глас: „Вашиот син е генијалец. Ова училиште е премногу мало за него и нема доволно добри наставници за да му го пружат образованието кое му е потребно. Ве молиме подучувајте го вие дома“.

Многу години по смртта на неговата мајка, кога Едисон веќе станал еден од најголемите пронаоѓачи на неговото време, претурајќи низ семејните работи случајно налетал на писмото од неговата учителка. Во него пишувало: „Вашиот син има ментална болест. Не можеме да му дозволиме да посетува настава заедно со нормалните деца“.

Едисон останал со писмото в раце плачејќи, за подоцна во неговиот дневник да напише: „Томас Алва Едисон беше дете со ментална болест кое благодарение на мајката - херој, стана еден од најголемите генијалци на векот“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дали јас ги воспитувам децата или ТикТок?“ – Загрижени родители за новиот тренд со Dumpling играчки... „Дали навистина сакам моето дете вака да се „губи“ на ТикТок и во вистинскиот жи...
7 работи кои (најверојатно) ги научивте како постара сестра Вашата сестра или брат во еден миг порасна и се најдовте како ви ги брише солзит...
Загрижувачки сведоштва на мајки: „Син ми (8) е зависен од неговиот таблет – еднаш ме удри кога му го... „Ако му го одземам таблетот, се претвора во чудовиште, почнува да вика, да клоца...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Вистинските мажи не плачат! Како родител на дете кое спортува бев сведок на спортски настан на кој едно момч...
„Јас сум традиционална сопруга и живеам преубаво - жените ќе бидат посреќни ако му се посветат на до... „Јас сум верник и, според Библијата, верувам дека жената е создадена да биде срц...

Најчитани неделава