Што сè научив работејќи со деца?

sto-se-nauciv-rabotejki-so-deca-01.jpg

Децата се најголемото богатство на светот. Невини, наивни и чисти, носат ведрина и радост.

Со нив понекогаш е напорно, понекогаш радосно, но никогаш здодевно.

Спонтаноста е основна одлика на децата

Тие не планираат, не ги знаат исходите од многу нешта, па затоа се препуштаат и откриваат. Многу работи им се нови и сакаат да знаат сè. Понекогаш сè би дале да нe знаеме нешто и да се препуштиме на новото исто како деца, без пресметан ризик.


Креативност

Децата се бескрајно креативни, впрочем нивната спонтаност им ја развива фантазијата и креативноста на ниво што возрасните имаат на што да позавидат. Од секоја играчка прават игра и постојано измислуваат нови игри и начини како да го осознаат светот.

sto-se-nauciv-rabotejki-so-deca-1.jpg

Вистина и само вистина

Само пијаниот човек  и детето ја кажуваат вистината, рекле старите и биле во право. Детето не знае да лаже, дури и кога кажува лага таа е толку провидна, што не ни доаѓа да го искараме туку да се насмееме. Тие лажат како би добиле нешто што сакаат или да привлечат внимание. Истото го правиме и ние само во модифицирана форма.


Не, за омразата!

Децата не знаат за омраза, не знаат за дискриминација, не знаат за зло. Децата знаат да сакаат и го покажуваат тоа, не ги делат своите врсници по ниеден основ. Понатамошната нивна селекција е под влијание на опшеството и потесната околина, а тоа влијае врз нивниот наивен избор.

sto-se-nauciv-rabotejki-so-deca-2.jpg

Љубов и само љубов

Да, децата се полни со љубов. Потребно е само да допрете до нив и да ви се отворат, а понатаму се е лесно. Тие знаат да дадат многу, дури и кога не добиле. Тие не мерат, не бараат корист, само љубат искрено од срце.

Ете затоа работејќи со деца, стануваш поведар,  поискрен, расположен и во понеделник, среќен и во работна сабота!

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зошто обожавам што сум мајка на момчиња?“ „Секогаш си замислував дека еден ден ќе имам ќерка, но станав мама на момчи...
„Бев хеликоптер родител кој сака да контролира сè – им ги пренесов стравот и анксиозноста на децата“ „Ми требаа многу години да се ослободам од мојот невротичен начин на воспитување...
Македонка со порака до мајките: „Денес има прсти на огледалото - еден ден сè ќе биде чисто, но ќе ни... „Никој не ми кажа дека вака ќе изгледа мајчинството со две мали деца… Не мора да...
Наде Молеровиќ со апел за родителите на тинејџери: „Кога последен пат ги прашавте што им се врти во ... „Тинејџерот денес ретко има простор едноставно да биде тоа што навистина е, без ...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава