9 типови на луѓе кои ќе ги мразите по породувањето

Првите недели по породувањето се исполнети со голем број на различни емоции и голем број на мајки не сакаат да бидат вознемирувани.

9-tipovi-na-lugje-koi-kje-gi-mrazite-po-poroduvanjeto-01.jpg

Ели Џеј е мајка и блогерка која не памети кога последен пат се наспала.

Во слободното време, додека нејзиното бебе сè уште слатко спие, таа се обидува колку може повеќе да се посвети на својата кариера во локалната радио станица во Њу Џерси, но и да ги пишува своите лични искуства околу мајчинството.

Така составила листа на сите оние луѓе кои во желбата да и помогнат, само го постигнале спротивното:

1. Помошници кои не се од никаква помош

Дали се сеќавате на третиот месец од бременоста кога сите оние блиски ви зборувале како ќе бидат тука за вас, кога бебето ќе дојде на овој свет?

Она што не ви го споменале тогаш е дека нивната помош ќе подразбира, да дојдат кај вас дома и да го „малтретираат“ бебето додека вие сте мртви уморни и се обидувате да завршите барем дел од домашните обврски.

Бебето во тие мигови ќе ви биде од помош, сè додека не почне да плаче кога веднаш ќе биде вратено во вашите раце.


2. Гости кои мислат дека се на одмор

Живеат далеку и не можат да дочекаат да го видат бебето и пред сè, дојдени се да ви помогнат вас. Меѓутоа, очекуваат да ги нахраните иако едвај постигнувате и во својата уста да ставите нешто.

Со чудење ќе ве погледнат ако ги замолите да ги соберат работите по нив.


3. Пријателите кои доцнат

„Ќе ти донесеме утре во 12 часот ручек“ – ќе ви кажат. Наредниот ден вие сте возбудени и едвај ги чекате. Го успивате вашето бебенце за во мир да можете да уживате во вашиот ручек.

Бебето заспало, а и вие сте на пола пат за да потонете во длабок сон, но тоа не можете да го направите, бидејќи чекате некого.

Времето поминува а вашите пријатели сè уште ги нема. Околу 1 часот попладне, комбинацијата од ненаспаност и глад кулминира – каде се вашите пријатели?


4. Google експерти

Кога ќе се вратите дома од болница сè ќе ви биде чудно и сè ќе ве боли и сето тоа е нормално.

Но, ќе ви се случи да се разбудите во четири часот наутро и да прашате некој за совет – кој најчесто доаѓа од Google.

„Моето бебе има астма!“ - Смирете се, сè е во ред. Она што треба да направите е да го држите телефонот подалеку до себе.


5. Безобразни болни луѓе

Ќе се појават пред вашата врата додека во рацете држат марамчиња. „Бев болна изминатата недела. Не сум заразна“ – ќе ви кажат едни, а други вината ќе ја бараат во поленот.

Пред да стигнете да ги замолите да ги измијат рацете, тие веќе ќе го имаат вашето новороденче во своите раце.


6. Мајка која мисли дека сè што правите е погрешно

Тоа може да биде било кој – вашата мајка, тетка, пријателка. Воопшто не е важно.

Она што правите вие поразлично, за нив е погрешно.


7. Сопругот кој ‘рчи

Во првите недели со бебето, поголемиот дел од мајките се будат речиси на секоја бука. Некои татковци од друга страна, спијат во цврст сон, без воопшто да се обидат да ви помогнат.

Тоа не значи дека следниот ден нема да се жалат дека се уморни.


8. Самите вие, ако за време на бременоста не сте практикувале кегелови вежби

Кегеловите вежби се од големо значење за време на бременоста и најдобро е да ги практикувате барем двапати неделно.

За тоа време, вам ниту еднаш не ви паднало на памет да се обидете да ги направите и се надевате дека сè ќе биде во ред, а потоа ви се случува непријатна ситуација...


9. Поштарот

Ќе ви се случи само што сте го заспале бебето некој да ви заѕвони на врата и веднаш потоа да слушнете силен плач.

Би можело да ве интересира:

Исповед на очајна мајка: „Со часови го успивам бебето, а сопругот се враќа од излегување и вика на ц... „Му пишав порака на сопругот дека бебето спие, а тој од излегување дојде и викаш...
Совети за родители: Како да разговарате со ќерка ви за (првата) менструација? Едуцирајте ја за менструацијата и промените кои доаѓаат со неа и научете ја како...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Правила за воспитување на децата што може да ги научиме од Данците Не постои правило ниту дефиниција по која би можеле родителите да го воспитуваат...
Ние мајките постојано се извинуваме - за немирното дете, за нечистиот дом, затоа што ни е потребен о... Се извинуваме затоа што нашето дете не се вклопува во „нормалата“ или затоа што ...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg