„Вашите деца ќе пораснат за миг, нема да чкртаат по ѕидовите со фломастери - гушкајте ги додека ви дозволуваат“

za-mig-vashite-deca-kje-porasnat-nema-da-chkrtaat-po-dzidovite-so-flomasteri-gushkajte-gi-dodeka-vi-dozvoluvaat-01.jpg

За еден миг ќе пораснат. И си одат. Додека да трепнете, се тргаат од вашиот скут, од вашата прегратка, се оддалечуваат од вашиот грижлив поглед.

Престануваат да зборуваат милно, да рушат сè пред себе, да прават хаос.

Престануваат да ги фаќаат штекерите за струја, да се мачкаат со храна по лицето, да чкртаат по ѕидовите со фломастери…

Затоа прегрнувајте ги. Галете ги. Бакнувајте ги. Стискајте ги додека ви дозволуваат.

Дозволете им да лазат по подот, да ги влечат пелените зад себе. Дозволете им и да чкртаат по ѕидот.

Нека ги извлечат сите тенџериња од фиоките, да стануваат и паѓаат, па нека добијат и неколку модринки ако треба.

Спијте со нив, завиткајте ги во вашето ќебе среде ноќ, помирисајте им ја косичката.

Бакнете им ги очињата додека спијат.

Разбудете се и со нивните мали стапала на лицето, нека има и истурено млеко, трошки на тепихот, мастика заглавена во косата, калливи раце и облека што изгледа како да е влечена низ кал - иако штотуку сте ги пресоблекле.

Нека има и замор, неспиење и брзо излегување од бањата затоа што баш во тој момент нешто ги мачи и е итно.

Затоа што сето тоа поминува. И поминува многу брзо.

Додека да се свртите, тие веќе брзаат некаде - по својот пат, по својот живот.

А вие останувате со желбата уште еднаш да ги прегрнете, бакнете, да ви седат во скут.

И можеби еден ден ќе им одите на нерви, но тие ќе знаат, засекогаш ќе знаат колку биле сакани кога им било најпотребно.

Без разлика што и да им се случува во животот, тие ќе се вратат таму каде што се безбедни.

Каде што се најсакани.

Кај вас.

Извор

Би можело да ве интересира:

14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Не, сине, ништо не ми должиш, оди слободно по својот пат (нека не те плаши мојата старост)“ Мајчинството не е договор, ниту долг, тоа е бескрајна љубов која не бара ништо з...
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
Децата не знаат за предрасуди, ги учат од нас Кога ќе се родиме, ние сме најчистите суштества на планетата. Родени од љубов и ...
Ми велат да си го оставам детето да плаче, додека тие трчаат да утешат пријател во солзи - јас одлуч... Ни велат и да не го успиваме детето во раце, додека тие се туткаат покрај партне...
„Имам 3 деца и едно ми е омилено, како на секоја мајка – тие што негираат, лажат“ „Едно од најголемите табуа кај родителите ее да признаат дека имаат омилено дете...

Најчитани неделава