До мојата помала сестра: „Немој да бидеш глупава девојка“

Животот ќе те однесе на многу различни места и ќе имаш можност да се најдеш во многу различни ситуации со кои ќе мора да се соочиш.

do-mojata-pomala-sestra-nemoj-da-bides-glupava-devojka-01

По некои правила на животот, драга моја сестричке, јас сум бил на тие места пред тебе и сум имал можност да разгледам и разберам се она што ти треба да го добиеш во наследство од мене пред да се впуштиш во авантурата наречена живот.

Сакам да знаеш дека луѓето најмногу ќе те ценат поради она што си, не мора да се претвораш во нечија замисла или да се трудиш да исполниш нечие верување. Држи се до она што го носиш во себе, бори се за таа личност секојдневно, донеси ја на светлината од денот. На тој начин сите ќе знаат за едно посебно човечко суштество со цврст карактер кое чекори напред без да биде бледа копија на се дотогаш видено.

Биди секогаш искрена, но немој да бидеш наивна. Светот колку и да ти изгледа розов, таму постојат опасни волци кои сакаат само да те искористат, не им дозволувај. Најди некој кој ќе те почитува, ќе те љуби страсно поради она што си, а не поради она што го поседуваш.

Не мора да имаш разголени фотографии на социјалните мрежи или да ја вадиш долната облека во јавност за да бидеш забележана. Не ти требаат ниту шминки, ниту високи потпетици, ниту пуш-ап градник за да некој каже дека ти си убава. Ти си најубава кога ќе се разбудиш наутро, со бушава коса, по твоите пижами, со папучи на нозете во потрага по твоите очила. Кога ќе го најдеш оној кој ќе ја цени таа слика тогаш си успеала.

Не труди се да бидеш забележана со погрешни постапки.

Не дозволувај да те купат со една пијачка или две, со богатство или лажни ветувања.

Не дозволувај твоето тело да биде нечија сопственост со која некој би се фалел пред другите.

Размислувај рационално, вложувај во себе, не го бирај полесниот пат, бидејќи полесен пат во животот - нема. Образовај се и стани ти движечка сила на твоето семејство, не чекај некој да те спаси и да те извади од црнилата на животот. Бори се сама да го најдеш светлото кое ти е потребно, а не да чекаш да станеш нечиј роб и да живееш во светлина, но како роб.

Труди се да створиш успех, тоа што си жена не треба да биде никаква пречка, земи пример од сите успешни жени наоколу. Не се преокупирај со килограмите, ниту тоа што ќе ти коментираат другарките зад грб. Посвети се на личниот успех. Гради самодоверба, труди се да бидеш најдобра. Ги имаш сите можности да створиш нешто монументално, не дозволувај тоа така да пропадне.

Знам дека се можеби ти звучи несфатливо, знам дека можеби се лутиш што твојот голем батко ти соли памет. Но, верувај ми кога ќе дојде време ќе го гледаш светот од моето гледиште. Ќе ти стане јасно за што сум зборувал и сите работи ќе добијат смисла.

Тогаш ќе ми бидеш благодарна.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
25 позитивни фрази кои секој родител треба да им ги кажува на децата пред спиење „Раскажи ми за својот ден, сакам да слушнам како си помина“, „Ме расположуваш се...
5 знаци што откриваат дека вашето дете е зависник од компјутер (и начини со кои можете да му помогне... Одличниот ученик почнува да покажува послаби резултати во училиштето, до вчера г...
10 моќни фотографии кои покажуваат дека телото на жената по породувањето изгледа сосема поинаку отко... Фотографката Џејд Бил направи серија фотографии со кои прикажува дека телата на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg