Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колкава тежина имам откако родив две деца?

Многу мајки по бременоста добиваат некој килограм повеќе, тежина повеќе, но каква? Една мајка има поинаква замисла за тоа колку вреди тежината која ја добила откако родила две деца...

tezinata-koja-ja-dobiv-posle-dvete-bremenosti-01.jpg

„Добив многу по бременоста. Повеќе отколку можев да замислам. Ако 21-годишната јас ме види сега, не би ме препознала и ќе бидам искрена, многупати сум се расплакала. Сакате да знаете која е тежината на живото после бременоста? Ќе ви кажам.

Денес тежам 18 килограми повеќе. 18 килограми на паметно, смешно, слатко, чувствително дете. И уште 9 килограми повеќе од едно помало љубопитно детенце со големи обравчиња.

Толку многу внимание се посветува на физичкиот изглед по бременоста... Секаде ќе сретнете познати личности со бикини селфија по само 30 дена од породувањето и сите притискаат кон тоа што е можно побрзо да се вратиме кон нашиот нормален изглед.

Се гледате себеси во огледалото и се чудите, зошто немам тело како на Victoria’s Secret модел? Затоа не сакам да зборувам за губење, туку за добивање.

Да се фокусираме на тоа што добиваме како мајки...

Добиваме нова перспектива

Сетете се на тоа што ви значеше кога бевте дете, а потоа размислете за работите кои ви значат денес. Сетете се на моментот кога вашето дете е болно, фрустрирано и тажно и колку срцето ве боли за тоа. Размислете за тоа што ве држи будни во ноќта, која е првата работа која ви паѓа на ум. Колку целото ваше битие живее и дише за вашето малечко бебе. Животот добива поинаква перспектива.


Добиваме нова доблест – несебичност

Полека, но сигурно. Не се будите еден ден одлучни дека ќе станете несебични. Едноставно се случува. Целата ваша душа нежно ве води кон таа насока. Тивко. Светот повеќе не се врти околу вас, како што се вртеше пред да се роди првото бебе. Сега секоја одлука се фокусира на некој друг. Таа личност доаѓа пред сè друго. Се жртвуваме без двоумење, сè си доаѓа природно.


Добиваме нова суштина

Радост. Болка. Подеми. Падови. Нема ништо слично на светот. Потребен си им кога се исплашени, среќни, кога ги боли, кога се горди или тажни. Љубовта е чиста, уникатна и безгранична.


Добиваме нова вредност

Како мајки не сме совршени. Постојано се обидуваме да го стекнеме чинот „мајка“. Учиме и еволуираме. Нашето срце ни кажува дека некому сме потребни. Дека сме сакани. Дека сме вредни како суштество.“

Следниот пат кога ќе се погледнете во огледалото и ќе започнете да го критикувате она што го гледате, запомнете:

Вашите раце по бременоста можеби се поголеми, но на себе носат мало, поспано тело. Тие гушкаат некого на кој му е потребна заштита, љубов. Вашите нозе трчаат како молња пред непознатиот пат на вашето малечко.

Следниот пат кога ќе се погледнете во огледалото, запомнете, среќни сте што сте добиле толку многу.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како да ја воспитате ќерката за да биде независна и одговорна личност? Научете ја уште од најмали нозе да се грижи за себе и за сопствените обврски, до...
10 работи кои бебињата ги учат уште додека се во стомакот на мајката Уште додека е во утробата, бебето го слуша гласот на мајката и уште од мигот ког...
Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...
„Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно“ и уште 6 корисни совети за идните родители „Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно. Ако вашето бебе е среќно д...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg