Родители внимавајте: Зошто не смеете да му дозволите на детето да седи во оваа поза?

Како родители, многу важно е да ги слушате советите на физиотерапевтите, од кои еден е и забраната детето да седи во позата „жаба“.

roditeli-vnimavajte-zosto-ne-smeete-da-mu-dozvolite-na-deteto-da-sedi-vo-ovaa-poza-01.jpg

Позата жаба изгледа вака:

Детето седи на под, неговиот задник се наоѓа меѓу нозете кои се подвиткани кај колениците, а притоа петите се благо извртени нанадвор.

Ако го погледнете детето одозгора, изгледа како неговите нозе да ја формираат англиската буква W.

Секое дете може да ја развие оваа навика, затоа што позата е удобна доколку често седи на под.

roditeli-vnimavajte-zosto-ne-smeete-da-mu-dozvolite-na-deteto-da-sedi-vo-ovaa-poza-02.jpg

Зошто позата е опасна?

Во оваа поза детето нема можност за активно движење на целото тело, а во раниот период посебно важно е да можат правилно да ја распоредат и преместат тежината на телото. На тој начин двостраната координација се развива со задоцнување.

Според тоа, ако детето има и најмал проблем со двостраната координација, постои можност во иднина да се забават вештините како цртање, пишување, прескокнување јаже, фрлање топка...

Ако на вашето дете му е тешко да се одржува на подот во друга поза, освен во оваа, задолжително посетете физиотерапевт.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку се сменија бабите и дедовците во последниве 30 години (низ забавни илустрации)? Некои современи баби и дедовци честопати водат толку активен и исполнет живот, ш...
Забавни идеи за првоаприлски маски за вашите деца (ако сте малку покреативни) Овца направена од памук, изморена мајка со бебе во кенгур, дедо/баба, диџеј, Ајн...
Гумените подлоги на игралишта во Финска заменети со кал – децата имаат зајакнат имунитет за само 1 г... Како би реагирале родителите кај нас ако меките подлоги на детските игралишта ка...
Пар од Македонија, кој живее во Виена, доби шесто дете: „Најмалата ќерка се роди пред 3 дена, благос... „Имаме шест деца кои се на возраст од 13, 11, 6 и 4 години, едно дете од година ...
Пар од Србија, кој се прослави како контроверзен, направи детска кујна од палети за ќеркичката – со ... „Кога добив идеја да ѝ направиме на Доротеа кујничка, имав цел да не купиме ништ...
„Не сме ние генерација на свилени родители - денес сè е прескапо, едвај се преживува“ „Високи трошоци за живот. Два приходи се неопходни за да се „преживее до крајот ...

Најчитани неделава