19 заповеди на Марија Монтесори кои ќе ви помогнат да станете подобар родител

Марија Монтесори била одличен педагог кој во 20-от век целосно го променил ставот и начинот на воспитувањето на децата.

19-zapovedi-na-marija-montesori-koi-ke-vi-pomognat-da-stanete-podobar-roditel-01.jpg

Запаметена е по тоа што формулирала кратки, но јасни и впечатливи заповеди за родителите.

Ако веќе сте родители или планирате да станете во скоро време, ви предлагаме да ги читате барем еднаш годишно.

1. Децата учат од она што го опкружува.

2. Ако често ги критикуваме децата, тие учат како да ги осудуваат другите.

3. Ако често ги фалиме, тие учат како да ги ценат другите.

4. Ако кон детето покажеме непријателство, ќе научи да се бори и тепа.

5. Ако сме искрени со своето дете, ќе научи што значи праведност.

6. Ако често го исмевате детето, речиси сигурно ќе стане срамежливо.

7. Ако детето се чувствува сигурно, тоа учи да им верува на луѓето.

8. Ако на детето пречесто му велиме „срам да ти е“, ќе се научи секогаш да се чувствува виновно.

9. Ако детето често се охрабрува, ќе има голема самодоверба.

10. Ако на детето му пружите поддршка, ќе биде самоуверено.

11. Ако детето живее во пријателска средина и чувствува дека им е потребно на луѓето околу него, ќе научи како да најде љубов.

19-zapovedi-na-marija-montesori-koi-ke-vi-pomognat-da-stanete-podobar-roditel-02.jpg

12. Никогаш немојте да зборувате лошо за детето, без разлика дали е присутно или не.

13. Сконцентрирајте се на тоа да го развиете доброто во своето дете, така нема да има место за ништо лошо.

14. Секогаш слушајте и одговарајте на детските прашања и молби, доколку ви се обрати.

15. Почитувајте го детето дури и кога ќе направи грешка. Така многу побрзо ќе може да ја поправи истата.

16. Секогаш бидете подготвени да му помогнете на детето на кое му е потребна помош, но и да се повлечете на страна кога ќе видите дека добро се снаоѓа.

17. Помогнете му на детето рано да ги совлада работите. Тоа можете да го направите така што светот околу него ќе го исполните со позитивни мисли, мир и љубов.

18. Секогаш однесувајте се добро пред детето. Покажете му како да стане најдобрата личност која може да постои.

19. Почитувајте го детето кое одмора, ги гледа активностите на другите деца или размислува за нешто што направило. Не му се обраќајте и не помислувајте да го терате на некоја друга активност.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пар од Македонија, кој живее во Виена, доби шесто дете: „Најмалата ќерка се роди пред 3 дена, благос... „Имаме шест деца кои се на возраст од 13, 11, 6 и 4 години, едно дете од година ...
Вистинските мажи не плачат! Како родител на дете кое спортува бев сведок на спортски настан на кој едно момч...
„Денешните татковци се поинакви. Менуваат пелени. Бришат солзи. Знаат каде стојат пижамите. Готват“ „Денешните татковци остануваат будни кога детето има температура. Не „помагаат“....
Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб... „Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
„Се породив во Шведска, немав свој доктор, ме прегледуваа бабици. Маж ми зема породилно отсуство“ „Во Шведска немаш „свој“ доктор за време на бременоста. Сите прегледи се со баби...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава