Што сè се врти во главата на една мајка?

Замислено сценарио кое се одвива во главата и животот на една мајка, а веројатно ќе се согласите дека е така.

shto-se-se-vrti-vo-glavata-na-edna-majka-01.png

Пристигнува утрото...

„Ми треба кафе. Ми се истроши маскарата. Ми треба нова, онаа за волумен. Заборавив да си ја испеглам кошулата за денес, ама брзо ќе завршам со тоа. Денес ќе појадуваат житарици. Зошто, ама ЗОШТО секогаш мора да уринира и на школката?“

Со децата:

„Врзи ги врвките сам - имаш осум години. Ајде, доцниме! Како мислиш сега ти се оди во тоалет, само што ја заклучив вратата.“

Со наставничката:

„Знам, веќе ми кажавте дека мораме да ја исплатиме последната рата за екскурзија и дека постојано зборува на час.“

Со себе:

„Повторно касниш, шефот веќе еднаш те повика во канцеларија. Ќе се обидам да не доцнам утре.“

Со шефот:

„Разбирам, разбирам, ќе се потрудам. Нема повеќе да се повтори.“

Со себе:

„Цела среќа што извештајот го завршив на време. Што ќе ручаме денес? Поточно што ќе вечераме? Ќе ја згреам сармата која ни остана од вчера. Малиот чевлите ги израсна, на пауза треба да му купам нов пар. Таман нема да појадувам и ќе ослабам малку.“

Повторно со себе:

„Станувам во мрак, се враќам во мрак. Капитализмот е робија. Баш би сакала да живеам на некое село и да имаме наша органска храна и да чуваме лаванда. Не би можела да чувам прасиња. Но, би сакала да имаме овоштарник и децата да шетаат во природа.

Ми се искрши ноктот. Саканиот преферира црвен лак. Можам вечер да го изненадам. Само да нема тенис на телевизија или да продолжи со обврските и дома. Ме чека облека за пеглање и диплење. Морам да ги наранам рибите и да и се јавам на свекрвата да ја прашам... Што требаше да ја прашам?“

Пристигнува попладнето...

Со себе:

„Ако успеам да го фатам овој автобус ќе стигнам малку порано од децата. Трчиии! Ајде. Ух, едвај. Многу сум се здебелила, бутовите ми се тресат. Се надевам никој не ме гледаше.“

Со децата:

„Како беше на училиште? Не мораш да сакаш, ама мораш да научиш да црташ. Зашто не ми се јави денес саканиот? Сигурно има  многу работа. Можеби ме изневерува? Има многу работа...“

Со сопругот:

„Каде си ти цел ден, воопшто не се јави. Навистина? Знам дека работиш многу за нас и дека си уморен. Секако дека ми пречи ако одиш сега со пријателите на пиво.“

Пристигнува вечерта...

Со децата:

„Како тоа не сакате да се бањате и да ги сечете ноктите? Татко ви кога ќе се врати ќе ви чита приказна.“

Со себе:

„Утре салата за јадење, ама не сум лоша мајка со брзата храна. Утре малиот на доктор, некако уморно ми делува, постојано е блед, можеби има анемија

Убави се како ангелчиња. Облека! Морам на сите утре да им подготвам нешто за носење. Утре имам состанок морам да најдам нешто пристојно за облекување. Дебела сум. Морам да ослабам.

Ми годи кога сум сама. Барем на кратко. Филм, книга, фантазии, чаша вино... Облеката! Одам да ги избричам нозете“.

Со сопругот:

„Како си помина? Не си мили, ти се чини, само вообразени се. Секако дека си успешен.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Босански психолог: „Денешните родители ретко наоѓаат време за децата, па ги обвинуваат наставниците ... „Воспитувањето бара време, бара труд и бара работа, првенствено врз себе, а дури...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Децата не се наша сопственост - Нахранете ги, образувајте ги и пуштете ги Кога ќе се уверат дека ги научиле сите лекции, децата си заминуваат, а ние остан...
Зошто љубовта на бабите и дедовците кон внуците е поинаква од онаа кон децата? Да се биде баба или дедо ти овозможува да бидеш родител каков што требаше да бид...
„Ги гуглав симптомите на ќерка ми, стравувам дека е социопат – Што да правам?“ „Таа речиси и да нема пријатели и наставниците неколкупати нѐ предупредија дека ...
Совети за татковци: Како да ѝ помогнете на партнерката за време на доење? Едуцирајте се и не заборвајте дека некогаш е само доволно да правите друштво. Ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg