Кратка приказна за суштината на родителството: „Жал ми е, тука не продаваме родители“

Млад брачен пар влегол во најскапата и најубава продавница за играчки.

kratka-prikaza-za-sustinata-na-roditelstvoto-zal-mi-e-tuka-ne-prodavame-roditeli-01.jpg

Мажот и жената долго ги разгледувале шарените играчки наредени на полиците, закачени на таванот, наредени во купови.

Имало кукли кои се смеат и кои плачат, детска облека, минијатурни кујни во кои се подготвуваат вистински пици и торти... Но, не можеле да се одлучат.

Кога младата продавачка им пришла, ѝ објасниле што бараат:

„Видете, имаме мало девојче, но и двајцата сме отсутни по цел ден, а често и навечер, па не знаеме како да ја израдуваме.“

„Се работи за девојче кое ретко се смее“, продолжил да објаснува таткото.

„Би сакале да ѝ купиме нешто што ќе ја усреќи и тогаш кога нè нема. Нешто што ќе ја радува кога ќе биде сама“.

„Жал ми е“, љубезно се насмевнала продавачаката. „Тука не продаваме родители“.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ти на Инстаграм гледаш магична семејна фотографија, а јас и маж ми се испокаравме на патувањето со ... „На патувањето со двете мали деца јас и мојот сопруг не се допревме, не зборував...
„Бев хеликоптер родител кој сака да контролира сè – им ги пренесов стравот и анксиозноста на децата“ „Ми требаа многу години да се ослободам од мојот невротичен начин на воспитување...
Моќна порака од македонска мајка: „Порано било полесно – сега титкаат групите на Вибер, бираш од как... „Не е дека било толку полесно. Ама нивниот ум, веројатно бил многу потивок. Доде...
„Не сме ние генерација на свилени родители - денес сè е прескапо, едвај се преживува“ „Високи трошоци за живот. Два приходи се неопходни за да се „преживее до крајот ...
Пар од Македонија, кој живее во Виена, доби шесто дете: „Најмалата ќерка се роди пред 3 дена, благос... „Имаме шест деца кои се на возраст од 13, 11, 6 и 4 години, едно дете од година ...
8 смешни, но реални семејни ситуации во кои ќе се пронајдат сите (низ илустрации) Маж кој оди во маркет без список па заборава што требал да купи, или жена која ш...

Најчитани неделава