7 работи кои ќе ги разберат само девојките и жените израснати со моќни и мудри мајки

Мудрата и моќна мајка не се плаши да го поттурне своето дете „во оган“ за да му докаже дека е доволно издржливо, додека несигурните мајки го прават спротивното - ги повлекуваат своите деца за да не се изгорат.

7-raboti-koi-ke-gi-razberat-samo-devojkite-i-zenite-izrasnati-so-mokni-i-mudri-majki-001.jpg

Следниве 7 лекции ќе ви докажат дека сте дете на независна, силна и мудра мајка:

1. Среќата е во ваши раце

Не се потпирајте на некој друг ако сакате да бидете среќни. Тоа е првата работа на која ќе ве научи независната мајка. Ако не знаете сами да ја создадете среќата, никој нема да го направи тоа за вас. Можете да бидете среќни, дури и кога другите се против вас. Само треба да верувате во себе.


2. Трпението е секогаш наградено

Без разлика што ви се случува денес или што ќе ви се случи утре, тешките мигови минуваат многу полесно и побрзо ако останете смирени и трпеливи. Трпението е клучот за смирен ум и живот.


3. Независноста е клучна

Секоја жена има право да биде независна. Ако некој се обиде да ви ја украде слободата, тогаш вие сте го дозволиле тоа. Моќните жени го прават она што нивното срце го посакува. Девојките израснати со мудри и независни мајки не се плашат да го следат својот инстинкт, само за да не ја изгубат поддршката од другите. Тие се свесни дека се снаоѓаат сами.

4. Силните жени треба да бидат и нежни истовремено

Не ја мешајте моќта со строгоста, себичноста и ладнокрвноста во животот. Напротив, моќната жена е страствена, предадена и чувствителна. Таа има цел спектар од емоции во себе и верува дека солзите не се симбол на слабост, туку симбол дека не сте мртви однатре.

5. Никогаш не гледајте назад

Девојките и жените пораснати со силни мајки знаат дека не се дефинирани од минатото. Што е направено – направено е. Не можете да го промените, колку и да се трудите. Единствено што можете да направите е да го прифатите со високо крената глава.

6. Задржете го достоинството

Жените и девојките кои биле воспитани од моќни мајки, знаат дека имаат подеднакво добри шанси да станат лидери баш како секој останат маж околу нив. Тие се свесни за достоинството кое го негуваат и ги следат своите соништа без оглед на тешкотиите и стереотипите со кои се соочуваат. Никогаш не дозволуваат другите да им ги потценуваат идеите.

7. Сакајте се себеси

Моќната жена не би била моќна без доволно количество на самодоверба. Но, не ја мешајте ароганцијата. Силните жени едноставно имаат моќ да се сакаат себеси дури и кога другите мислат дека не заслужиле љубов.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 ситуации кои покажуваат дека секој ден како родител е нов предизвик, низ илустрации Кога бабите и дедовците ќе почнат трка за давање подароци, честопати е невозможн...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
7 работи кои (најверојатно) ги научивте како постара сестра Вашата сестра или брат во еден миг порасна и се најдовте како ви ги брише солзит...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„Вашите деца ќе пораснат за миг, нема да чкртаат по ѕидовите со фломастери - гушкајте ги додека ви д... За еден миг ќе пораснат. И си одат. Додека да трепнете, се тргаат од вашиот скут...

Најчитани неделава