Објаснете ѝ дека не е сè во убавината: 15 работи кои секој татко со ќерка треба да ги знае

Еден татко решил да покаже како изгледа да се биде татко на четири ќерки и не само да го сподели искуството, туку и да докаже дека воспитувањето на ќерки не е товар, туку подарок кој нуди неизмерна среќа.

15-vazni-raboti-koi-sekoj-tatko-so-kjerka-treba-da-gi-znae-01.jpg

„Вообичаено кога луѓето ќе дознаат дека сум горд татко на четири ќерки и еден син се зачудени и веднаш прашуваат како би изгледало кога моите ќерки ќе станат тинејџерки, но јас само ги сожалувам тие луѓе. Ги сожалувам, бидејќи не сфаќаат колкава е среќата да се биде татко на четири ќерки“ - вели еден горд татко.

„Денес те сакам повеќе од вчера“ - се зборовите кои постојано си ги упатуваат едни на други.

А, покрај тоа, Џастин Рикливс открива уште 15 други работи кои ќе ве направат најдобриот татко на светот:

1. Треба да знае колку навистина ја сакате

Научете како да ја изразите вашата љубов и да ѝ ја покажете на вашата ќерка. На неа потребна ѝ е љубовта повеќе од било што друго, повеќе од сите пари на светот и сите подароци. Никој не може да го замени нејзиниот татко за да се чувствува сигурно и да биде полна со самодоверба.


2. Од вас зависи каков партнер ќе одбере

Врската која ја градите со вашата ќерка ќе има големо влијание на тоа за кого ќе одлучи да се венча во иднина. Ако сте биле добар татко и во иднина, свесно или несвесно, таа ќе се обиде да пронајде некој кој ќе личи на вас.


3. Слушајте ја нејзината музика

Кога едно девојче ќе порасне во тинејџерка, може да ужива во одреден жанр на музика кој вас не мора да ви се допаѓа. Можеби нема да делите ист вкус, но важно е да се обидете да разберете зошто постојано слуша една иста песна.


4. Гледа како се однесувате кон нејзината мајка

Ова е можеби најважниот совет на листата. Ако го следите ќе знаете дека сте добар татко. Прилично едноставно: пред децата секогаш покажувајте колку ја сакате нивната мајка и колку ви е важен бракот со неа.


5. Обидете се да останете близу до неа, посебно во тинејџерските години

Тинејџерските години се вистински предизвик за секој родител. Вашата ќерка веројатно повеќе нема да се однесува така како што се однесувала во минатото и да се соочува со типичните пубертетски проблеми. Важно е да останете покрај неа и обидете се да не ја загубите емоционалната врска која ја имате.


6. Пробајте го нејзиниот омилен спорт и обидете се да живеете здраво

Ако сакате вашата ќерка да порасне во здрава и убава жена, треба уште на почетокот да ја научите да се исхранува здраво и да открие некој спорт кој ќе сака да го практикува. Поминувајте повеќе време испробувајќи нови работи со неа.


7. Почесто славете ги важните семејни настани

Детството и спомените од истото остануваат засекогаш и ова е најубавиот период од животот, затоа важно е вашата ќерка да се сеќава на него само по убавите работи - заедничките патувања, новогодишните празници, родендените, неочекуваните убави моменти, спонтаните случки...


8. Научете ја дека давањето е далеку поважно од примањето

Важно е вашата ќерка да ја научите дека светот не се врти околу неа, дека треба да се научи како да помага на другите , а не да очекува некој постојано да ѝ помага, да ѝ го отстапува местото... Можеби една од најважните работи на која треба да ја научите вашата ќерка е да признае кога згрешила.


9. Бидете покрај неа за најважните моменти во нејзиниот живот

Секој од нас има полно обврски и сака да напредува на професионален план, но не треба да ги запоставувате важните моменти во животот на вашата ќерка - бидете тука покрај неа кога најмногу сте ѝ потребен.


10. Кога сте дома исклучете го вашиот мобилен телефон

Најголемата грешка која ја прави секој модерен татко е тоа што работата ја носи дома со себе. Одвојте време за вашата ќерка, слушнете што има да ви каже и не заборавајте дека треба да бидете достапен и за неа, не само за вашиот телефон.


11. Научете како да ѝ правите фризура

Можеби ова е задача на мајката, но тоа не значи дека не треба и вие да научите како да ѝ правите плетенка на вашата ќерка, тоа е време плус кое го поминувате со неа.


12. Излезете сами

Барем двапати годишно излезете сами со вашата ќерка, без останатите членови од семејството. Одете во кино или во ресторан, поминете неколку часа со вашата ќерка, тоа ќе ја научи каков маж да одбира во иднина - некој што ќе ја направи среќна.


13. Објаснете ѝ дека не е сè во убавината

Психолозите тврдат дека таткото е тој кој треба да ја научи својата ќерка дека не е сè во нејзиниот изглед, туку дека важно е да се негуваат и внатрешните квалитети и доблести.


14. Не го пропуштајте нејзиното детство

Времето лета, па ако вашата ќерка сè уште ве нарекува тато, не ги пропуштајте тие моменти, никогаш нема да можете да ги вратите.


15. Научете како да кажете „извини“ на вашата ќерка

Кога знаете дека сте погрешиле, заборавете на гордоста и научете како да кажете „извини“ на вашата ќерка. На тој начин и неа ќе ја научите како да се извинува во иднина и да признае кога згрешила.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Двапати донирав орган за мајка ми - тоа е мала цена за да ја видам здрава и среќна“ „Никој не беше подготвен за тоа да ја нема мајка ни во нашите животи. Тоа беше п...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Како да го направите домот побезбедно место, ако живеете со стари луѓе? Кога почнувате да го уредувате домот, најважната работа најчесто ви е визуелниот...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg