Мудри лекции за родителството од Анџелина Џоли и Бред Пит

Да се биде добар родител не е лесна задача, посебно кога имате 6 деца.

mudri-lekcii-za-roditelstvoto-od-andzelina-dzoli-i-bred-pit-01.jpg

Но, во случајов, Анџелина Џоли и Бред Пит изгледа дека работите ги имаат под контрола.

Токму затоа отворено зборуваат на тема родителство, обидувајќи се да им ја олеснат задачата на мајките и татковците кои сакаат да воспитаат и израснат среќни и задоволни деца.

5-те мудрости од Анџелина Џоли:

1. Наставниците мора да бидат добро платени

Засрамена сум што во САД, како една од најбогатите земји во светот, наставниците се толку малку платени, а тоа се луѓето кои ни ја учат следната генерација. Апсурдно е! Не треба да бараме спас во приватните учители, затоа што недоволното ценење на работата на наставниците автоматски е уништување на нашата иднина.

2. Домот ми е таму каде што ми се децата

Немам проблем често да се селам. Луѓето општо имаат проблем да го прифатат ова. На крајот од краиштата, сите имаме различно потекло. Мојот татко од Холандија има германска и чешка крв во него. Предците на мајка ми се поврзани со Ирокезите Индијанци. Сега разбирате зошто сум таква каква што сум. Не се врзувам за едно место – да бидам заедно со моите деца ми е најважната работа.

3. Кога ќе имаш деца, ќе знаеш како да им простиш на родителите

Кога подобро ќе размислам за мојот татко, кој од повеќе причини е далеку од идеален, сфаќам дека мојот однос со него беше значително променет откако станав родител. Вашите деца ви даваат шанса да сфатите зошто вашите родители ве израснале на одреден начин. И тоа е совршено време да простите. Разбирањето и простувањето кон мојот татко ме направија далеку подобра мајка.

4. Идеален татко е оној кој знае што да прави во кризните ситуации.

И пред се е способен да се контролира самиот. Тој треба да е човек кој ја форсира дипломатијата.

5. Ако имаме потреба да се расправаме со Бред, тоа го правиме без сведоци

Бред не може да го поместите од Зен состојба. Тој е човек кој размислува логички, додека јас сум импулсивна и се правам во последна минута. Но, кога се работи за воспитување на нашите деца, секогаш сме на иста бранова должина. Тој никогаш не се противи на моите одлуки, но истовремено и јас се согласувам со неговите идеи. Мислам дека нема ништо полошо од тоа родителите да не се согласуваат пред своите деца. Во ситуациите кога нема да се согласуваме околу нешто, гледаме децата да не нè слушнат. Затоа кога му кажав на Медокс дека не смее да се качи на мотор со татко му, никогаш не му се пожали на Бред за да се обиде да ја промени одлуката.

mudri-lekcii-za-roditelstvoto-od-andzelina-dzoli-i-bred-pit-02.jpg

5-те мудрости на Бред:

6. Им дозволуваме сами да откријат што сакаат да прават во животот

Како дете, сакав да бидам Џон Траволта и да танцувам како него. Ми се допаѓаше неговиот костим. Потоа се заинтересирав за фотографирање. Фотографирав се што беше во моја близина. Љубовта кон архитектурата дојде подоцна. Не сум ништо поразличен од било кој. Тогаш, како можам јас да им одредам на моите деца каква професија да одберат и што да прават во иднина?

7. Не ги форсираме децата да бидат религиозни

Со Анџелина имаме деца од различни религии и националности, па не се трудиме да им наметнеме било каква религија или верувања. На пример, јас бев израснат како баптист, но никогаш немав желба да се молам како што тоа го правеа моите родители. Имав почит за луѓето кои веруваа, но да бидам искрен, повеќе бев заинтересиран за убавите девојки кои ги гледав во дворот на црквата.

8. Суетата не е ценета во нашето семејство

Станав познат пред да станам татко. Но, сега приоритет ми се децата, иако ми ја црпат целата енергија. Ми ги гледате темните кругови околу очите? Ако девојките кои со воодушевување ги гледаат моите постери знаат како изгледам наутро, ќе се разочараат. Улогата на татко го потиснува егото. Со тоа што станав татко, се збогував со многу илузии. Порано кога излегував од дома си велев „кои ми се плановите за денес?“ Сега сè што ме интересира е кога ќе завршам со работа за повторно да се вратам дома. Ја гледате разликата?

9. Не правиме разлика меѓу децата

Некои се наши биолошки, некои се посвоени – и мислиме дека тоа не е причина за да ги разликуваме. Да вдомиш сираче е да дадеш нова надеж – мислам дека тоа е нашата мисија.

10. Мора да имате амбиции како родител

Децата ќе ви дадат многу – спокоен ум, задоволство во животот и желба да се развивате како личност. Понекогаш морам да излезам од сопствената кожа за да измислам нов начин како да ги забавува. Верувајте, не е лесно. Единствената работа која моите деца не можат да ја поднесат е рутината. Како и сите родители, имам амбиции и планови за нив. Да, моите деца имаат пристап до се што е добро во животот и во светот. Во споредба со другите деца, тоа е предност која се трудам да им ја објаснам и да научат да ја ценат. Кога бев тинејџер, јас немав 25 пара патики, родителите чекаа да ги искинам старите пред да ми купат нови. Како родител можам само да инсистирам да го сфатат ова и да постигнат подобри резултати.

mudri-lekcii-za-roditelstvoto-od-andzelina-dzoli-i-bred-pit-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи во кои ќе се пронајдат сите модерни мајки Вашето дете има поубава облека од вас, а Pinterest ви е омилениот сајт за инспир...
Совети за родители: Како да разговарате со ќерка ви за (првата) менструација? Едуцирајте ја за менструацијата и промените кои доаѓаат со неа и научете ја како...
„Кога станав татко добив депресија – не знаев дека постпородилна депресија може да се појави и кај м... „Првиот пат кога ја држев во раце, сфатив дека никогаш не сум видел нешто толку ...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg