Како изгледа денот на една мајка низ фотки направени со селфи стапче?

Една Русинка откако слушнала од своите пријатели „Нема причина да бидеш уморна, само седиш дома и го чуваш детето“ решила преку селфи фотографии да покаже дека животот на една мајка која седи дома не е така едноставен како што мислат сите.

so-selfi-stik-pokazuva-kako-e-da-se-bide-majka-01.jpg

„Можеби беа во право - не станувам 5 пати во неделата да брзам низ Москва, да се туткам во јавниот превоз како сардина, да ги слушам истите песни на iPod. Не морам да се справувам со тешки работни задачи и да ги слушам надредените“ - објаснува Јулија Скоробогатова.

Оваа мајка сака преку серија фотографии да покаже на оние кои мислат дека мајките немаат причина да бидат уморни, дека не се воопшто во право.

Таа преку фотографиите објаснува дека понекогаш може да стане во 9 часот наутро, но понекогаш треба да стане и во 5 часот наутро. Понекогаш знае дека викендот почнал само затоа што може да го види својот сопруг преку ден.

Сè уште го дои своето бебе, затоа што според неа тоа е најдобрата храна во Москва.

„Никогаш не останувам сама, буквално никогаш“ - објаснува мајката која преку фотографија покажува дека дури и во тоалет е следена од своето малечко.

За себе мора да се грижи, но и тоа не е едноставна работа. Чека бебето да заспие, а сите процедури мора да ги помине што е можно побрзо и по можност сите наеднаш.

„Василица е сè уште мала за да чита, па јас морам да ја убедам да се храни здраво“ - вели мајката.

Заедно готват. Полеваат цвеќиња. Се подготвуваат за прошетка и пазарење, посебно таму каде Василица сака да ги гризе етикетите од најскапите парчиња облека. Заедно се бањаат...

Како што објаснува мајката сите активности се одвиваат заедно со нејзината ќерка и повеќето се сведуваат на грижа за неа, а на крајот од денот ако има малку време може да го погледне компјутерот и да провери пораки, но тоа ретко се случува.

„Најчесто на крајот од денот само зјапам во компјутерот“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Вашите деца ќе пораснат за миг, нема да чкртаат по ѕидовите со фломастери - гушкајте ги додека ви д... За еден миг ќе пораснат. И си одат. Додека да трепнете, се тргаат од вашиот скут...
„Ти на Инстаграм гледаш магична семејна фотографија, а јас и маж ми се испокаравме на патувањето со ... „На патувањето со двете мали деца јас и мојот сопруг не се допревме, не зборував...
9 комични ситуации во кои ќе се пронајдат (сите) родители на тинејџери Ако тинејџерот постави прашање, тоа не значи дека сака да слушне одговор... Сте ...
7 работи кои (најверојатно) ги научивте како постара сестра Вашата сестра или брат во еден миг порасна и се најдовте како ви ги брише солзит...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...
Пар од Македонија, кој живее во Виена, доби шесто дете: „Најмалата ќерка се роди пред 3 дена, благос... „Имаме шест деца кои се на возраст од 13, 11, 6 и 4 години, едно дете од година ...

Најчитани неделава