Најчудните особини кои ги наследуваме од родителите: Синдром на кивање, стегање на дланките

Бојата на очите, косата, висината, обликот на носот и другите физички обележја ги наследуваме од нашите родители.

sindrom-na-kivanje-niska-tolerancija-na-alkohol-del-od-neobicnite-karakteristiki-koi-gi-nasleduvame-od nasite roditeli-01

Во морето од карактеристики кои луѓето често ги забележуваат и коментираат се наоѓаат и некои необични особини за кои веројатно не ни претпоставувате дека се генетски.

1. Синдром на кивање

Дали гледањето директно во сонцето ве тера на кивање? Или 2-3 пати кивате кога ќе излезете од кино на дневна светлина? Во прашање е необичен синдром на кивање кој го наследуваме од нашите родители.


2. Ниска толеранција на алкохол

Ако после неколку голтки црвено вино се чувствувате како да ве прегазил воз, тогаш заблагодарете им на мама и тато за ниската толеранција кон алкохолот.


3. Стегање на дланките

Свиткајте ги прстите од двете дланки во положба за молење (без мислење). Како ви стојат палците? Поголемиот дел го редат палецот од левата рака преку оној од десната.

Сега, обидете се да им ја промените положбата – чудно се чувствувате, не? Луѓето кои природно ги држат рацете во обратна позиција можат да се пофалат дека тоа го наследиле од своите родители.


4. Ген на популарноста

Ако сте комуникативна, отворена и популарна личност во друштвото и на работното место, тогаш можно е генот на популарноста да ја наследивте од родителите.


5. Виткање на јазикот

Можете да го свиткате јазикот? Верувале или не, оваа моторна способност ја нема секој, а пренесена ви е од страната на мајката или таткото. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се породив во Шведска, немав свој доктор, ме прегледуваа бабици. Маж ми зема породилно отсуство“ „Во Шведска немаш „свој“ доктор за време на бременоста. Сите прегледи се со баби...
Психологот Ивана Хаџиванова: „Ризик да бидат жртви на булинг се деца кои се воспитани да бидат тивки... „Ризик да бидат жртви на булинг се деца коишто се воспитани да бидат потивки, по...
„Само што се омажив, престанете да ме прашувате кога ќе имам деца“ „Стапувањето во брак е прекрасно. Но, постојат и неколку благо иритирачки работи...
7 старомодни родителски правила кои можат да ги спасат денешните деца Нека научат на потешкиот начин... „Син ми излезе без јакна на -5°C. Не му ј...
„Не сме ние генерација на свилени родители - денес сè е прескапо, едвај се преживува“ „Високи трошоци за живот. Два приходи се неопходни за да се „преживее до крајот ...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...

Најчитани неделава