Научниците откриваат: Како новороденчињата ги гледаат своите родители?

Додека се поднавалуваат за да се насмеат или да направат некоја гримаса, поголемиот дел од родителите не се ни свесни дека нивното дете сè уште не може да ги препознае нивните емоции.

naucnicite-otkrivaat-kako-novorodencinjata-gi-gledaat-svoite-roditeli-001.jpg

Едно прилично интересно истражување направено од Институтот за психологија во Универзитет од Осло и Универзитет од Упсала покажува како гледаат два до три дена старите бебиња.

Ова истражување покажува дека максималната оддалеченост до која новороденчињата можат да разликуваат дали сте гневни или среќни е 30cm. Со зголемување на оддалеченоста до повеќе од 60cm бебето ве гледа заматено.

Истражувањето било направено на тој начин што серија фотографии прво биле покажани на возрасни за да бидат сигурни дека се добри, а потоа на новороденчиња. Индикатор за тоа дали бебето ја распознава емоцијата била неговата реакција.

naucnicite-otkrija-kako-novorodencinjata-gi-gledaat-svoite-roditeli-2.jpg

Во просек, секое бебе добро распознавало емоции на 30cm.

Според професорот Свеин Магнусен, новороденчињата можат да ги имитираат емоциите на своите родители, но тоа не значи дека можат да разберат одреден израз што точно значи.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Гумените подлоги на игралишта во Финска заменети со кал – децата имаат зајакнат имунитет за само 1 г... Како би реагирале родителите кај нас ако меките подлоги на детските игралишта ка...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...
7 старомодни родителски правила кои можат да ги спасат денешните деца Нека научат на потешкиот начин... „Син ми излезе без јакна на -5°C. Не му ј...
„Ти на Инстаграм гледаш магична семејна фотографија, а јас и маж ми се испокаравме на патувањето со ... „На патувањето со двете мали деца јас и мојот сопруг не се допревме, не зборував...
„Не сме ние генерација на свилени родители - денес сè е прескапо, едвај се преживува“ „Високи трошоци за живот. Два приходи се неопходни за да се „преживее до крајот ...

Најчитани неделава