Бугарски матурант го разнежни светот откако на прославата се појави со својата мајка

Еден матурант од Велико Трново оваа година стана вирална сензација откако решил да се појави на црвениот тепих заедно со неговата мајка.

bugraskiot-maturant-koj-na-proslavata-ja-povel-svojata-majka-01.jpg

19-годишното момче токму својата мајка, Анелија Дамјанов, ја поканил да бидете дамата која ќе го придружува на неговата матура.

Додека останатите матуранти дефилирале на црвениот тепих со своите соученици, Кристијан Иванов на свечениот момент дошол со својата мајка.

Двојката многу брзо ги привлекла погледите на сите присутни, бидејќи зрачела со стил, елеганција и оригиналност.

Оние кои ги следеле чекорите на матурантите биле уште поимресионирани откако сфатиле дека станува збор за неговата мајка.

Како дошол до таа идеја?

Голем дел од младите денес се срамат од своите родители, наместо да ги почитуваат, па младиот Кристијан решил да испрати важна порака на своите соученици.

Мајката на почетокот се двоумела, но нејзините пријателки ја убедиле дека идејата на нејзиниот син е сосема генијална и дека мора да ја почитува.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Забавни идеи за првоаприлски маски за вашите деца (ако сте малку покреативни) Овца направена од памук, изморена мајка со бебе во кенгур, дедо/баба, диџеј, Ајн...
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
„Не, сине, ништо не ми должиш, оди слободно по својот пат (нека не те плаши мојата старост)“ Мајчинството не е договор, ниту долг, тоа е бескрајна љубов која не бара ништо з...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Српска едукаторка: „Важно е 2-3 дена неделно децата да не прават ништо, а не да одат на сите можни а... „Детето треба да има воншколска активност, но не секој ден и не сè. Најважно е в...

Најчитани неделава