Приказна по која ќе посакате да ги прегрнете вашите деца

Девојче украсувало малечка кутија со златна хартија. Кога татко ѝ дознал дека потрошила многу пари за хартијата се налутил и ја казнил.

prikazna-po-koja-kje-sakate-da-gi-pregrnete-vashite-deca-01.jpg

Следното утро девојчето го донело подарокот на својот татко.

„Ова е за тебе тато“ - рекла.

Кога ја отворил кутијата и видел дека е празна, таткото повторно се налутил.

„Зарем не знаеш дека кога даваш на некого подарок, треба да има нешто во него?“ -го прашал девојчето.

„Тато подарокот не е празен, исполнет е со бакнежи за тебе“ - одговорило девојчето.

Таткото изненаден, останал без зборови. Се чувствувал непријатно и само цврсто ја прегнал својата ќерка. Ја замолил да му прости.

Долги години таткото ја чувал кутијата покрај својот кревет.

Секогаш кога се бил тажен ја отворал кутијата и размислувал за љубовта која ја сместила неговата ќерка во неа.

Тоа секогаш му го подобрувало расположението.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 грешки кои родителите ги прават ненамерно (и ве оддалечуваат од децата) Не дозволувајте вашето расположение да влијае на односот со дететo, не правете н...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...
Забавни идеи за првоаприлски маски за вашите деца (ако сте малку покреативни) Овца направена од памук, изморена мајка со бебе во кенгур, дедо/баба, диџеј, Ајн...
„Детето може да е среќно и ако не е најдобро во училиште и не знае 3 јазици“ – Босански психолог со ... „Успешни ќе бидете ако воспитате дете кое не е анксиозно. Дете кое е слободно. М...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Мајкички, престанете со ‘нежното родителство’, мојот син го растам како во минатото - без лигавење ... „Престанете со опсипување на децата со скапи играчки и активности, бидејќи децат...

Најчитани неделава