Секогаш мислите на доброто на другите: 10 докази дека сте добро воспитани

sekogas-mislite-na-dobroto-na-drugite-10-znaci-deka-ste-dobro-vospitani-01

Доброто воспитување е процес на кој секој родител треба да обрне големо внимание. 

Дали вашите родители имале голем удел него? 

Дознајте преку овие 10 знаци на добро воспитание:

1. Знаете дека трпението е доблест

Не морате сѐ да добиете и не мора веднаш. Свесни сте дека изреката „трпение-спасение“ е вистинита.

Возрасните кои не научиле да бидат трпеливи од своите родители можат да се однесуваат полошо и од добро воспитано 3-годишно дете.

Да речеме кога мора да чекаат ред и да се обидат да се истуркаат напред.


2. Секогаш мислите на доброто на другите

Додека разговарате со другите во круг со луѓе се поттргнувате за и личноста која стои зад вас да може да се вклучи во разговорот. Притоа не упаѓате во збор и не зборувате без пауза подолго од 2 минути.


3. Свесни сте за својата околина

Кога излегувате од паркингот и гледате дека некој чека на вашето место и станувате побрзи за личноста помалку да чека.


4. Кажувате „молам“ и „благодарам“

За ниедно дете не постои изговор за некултурност.

Експертите истакнуваат дека родителите мора да бидат свесни за разликата меѓу срамежливоста и непристојноста т.е. да престанат да им даваат оправдување на непристојните деца.

Детето мора да знае да вели „молам“ и „благодарам“ без родителите да му речат.


5. Не барате од другите да ја потврдуваат вашата вредност

Лошо воспитаните луѓе прават добри работи за да се фалат со тоа. Добро воспитаните луѓе ќе му помогнат на некого и нема да кажат збор за тоа.

Нивната цел е да помогнат, а не да добијат внимание.


6. Задолжително станувате за постара личност или трудница

Во јавен превоз или во чекална вие знаете дека пристојно е своето место да го понудите на постара личност или трудница. И тоа секогаш го правите.


7. Не им ја отежнувате работата на другите

Се наоѓате во продавница и сте одлучиле да земете нешто што не ви треба? Го враќате производот на своето место, а не некаде попатно каде вам ви е згодно.


8. Емпатични сте

Тоа значи да знаете да се замислите во кожата на другите – што денес е станато вистинска реткост.

За емпатија се потребни имагинација и морална цврстина која на личноста ѝ дава способност на самоиспитување и проценување на сопствената улога во одредена ситуација.


9. Ги почитувате постарите

На постарите им персирате и им се обраќате со „госпоѓо“ или „господине“. Тоа треба да биде дел од основниот бонтон, но многумина го забораваат.


10. Знаете да признаете дека сте погрешиле

И знаете кога не сте во право и знаете мирно да се сложите дека не се сложувате, без препукнување, расправии, викање и караници. Признавате дека сте направиле грешка и прифаќате шега на своја сметка.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...
8 смешни, но реални семејни ситуации во кои ќе се пронајдат сите (низ илустрации) Маж кој оди во маркет без список па заборава што требал да купи, или жена која ш...

Најчитани неделава