Како да се справите со непослушното дете?

Сигурно сте се нашле во ситуација кога едноставно не сте биле способни да се справите со непослушноста на вашето дете...

kako-da-se-spravite-so-neposlushnoto-dete-01.jpg

Постојат 4 начини со кои можете да се справите со немирното и непослушно дете:

1. Најдете тајна „награда“

Проблем. Децата знаат да одат спротивно на тоа што го бараат родителите од нив - тоа е сосема нормално и природно. Причината зошто детето не ве разбира можеби лежи во вас, бидејќи употребувате „јазик“ кој е му е разбирлив.

Решение. Сакате секојпат кога ќе му кажете да ги фрла кесите во канта за отпадоци? Најдете интересен начин како да го направи тоа. Покажете му како тајните агенти го прават тоа и следен пат, ќе го прави тоа со задоволство, како „таен агент“.

kako-da-se-spravite-so-neposlushnoto-dete-1.jpg

2. Објаснете му дека постојат различни ситуации

Проблем. Често заради недостаток на сон не можете да си играте со детето, баш кога тоа посакува или пак, играте на сила само за да ја задоволите неговата потреба, а тоа води до фрустрации и нервози.

Решение. Убаво објаснете му дека сега не е време за играње, туку дека максимално ќе му се посветите тогаш кога ќе можете. Објаснете му ги околностите.

kako-da-se-spravite-so-neposlushnoto-dete-2.jpg

3. Размислувајте како дете

Проблем. Ве нервираат одредени однесувања на вашето дете? Некои мали ситници кои во вашите очи се детски и непотребни...

Решение. Сетете се кога вие сте биле дете или барем бидете се да се ставите во кожата на дете за да разберете зошто е палаво секојпат кога се бања или пак, треба да јаде.

kako-da-se-spravite-so-neposlushnoto-dete-3.jpg

4. Согласувајте се со партнерот

Проблем. Понекогаш се случува едниот родител да даде забрана, а другиот да ја поништи.

Решение. Запомнете, секогаш треба да разговарате со партнерот пред да се одлучите за некаква постапка на детето и не заборавајте да го поддржите, тогаш кога смета дека треба да казни некакво однесување. Родителите мораат да бидат сложни.

kako-da-se-spravite-so-neposlushnoto-dete-4.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава