10 правила со кои нема да го обесхрабрите интересот за читање кај детето

Францускиот писател Даниел Пенак е автор на возбудливи романи, кои едноставно не можете да ги оставите додека не ја прочитате и последната страна.

10-pravila-so-koi-nema-da-go-obeshrabrite-interesot-za-citanje-kaj-deteto-2-001.jpg

Во една од неговите книги тој формулира 10 правила со чија помош вашите деца ќе израснат во силни и независни личности, подготвени за светот кој ги очекува надвор од комфорот на семејниот дом.

Ова се тие правила:

1. Право на нечитање. Не го терајте детето да чита. Правилното нешто што треба да го наравите е да го заинтересирате за книгите, на тој начин тоа нема да ја остави книгата сè додека не ја прочита и последната страница.

2. Право на прескокнување. Не му забранувајте на детето да ги прескокне здодевните страници. Нека го чита само тоа што го интересира. Наметнувајќи му да го чита тоа што не го интересира, детето за кратко време ќе го класифицира читањето како досадно и ќе гледа да го избегне на секој можен начин.

3. Правото да не ја дочита книгата. Не го терајте со сила детето да ја прочита до крај книгата која не му се допаѓа. Ако таа не му се допаднала и не му го привлекла вниманието, не значи дека нема други книги кои ќе го направат тоа. 

4. Правото на повторно читање. Дозволете му на детето да ја прочита одново и одново омилената книга, онолку пати колку што сака, макар тоа да е и 100 пати.

5. Правото да чита сè. На училиште детето го чита само она кое е составен дел од наставната програма, но сепак важно е да му оставите избор да чита книги и надвор од неа.

6. Правото на фантазирање. Дозволете му на вашето дете да ја развива соствената имагинација и фантазија и целосно поддржете го во тоа. Ако тоа сака џуџиња или диносауруси, читајте заедно за тоа.

7. Правото да чита секаде. Дали ќе чита во кревет, за време на оброците, па дури и под масата, воопшто не е важно, сè додека детето е во удобна положба.

8. Правото да чита на глас. Децата понекогаш сакаат да читаат на глас, особено деловите кои ги сакаат најмногу. Тогаш, обрнете им внимание и внимателно слушајте ги. Ако детето решило нешто да чита на глас, тоа е затоа што сака да ги сподели емоциите и читањето заедно со вас.

9. Правото на читање сложена литература. Не му забранувајте на детето да чита дури и ако земе книга за нуклеарна физика. Голема е веројатноста да прочита две страници и да ја остави, но сепак таа ќе остане во неговата глава како нешто на кое ќе се наврати во иднина.

10. Правото да не зборува за тоа што го прочитало. Сосема е во ред ако детето не сака да разговара за тоа што го прочитало. Едноставно, во тој даден момент не е подготвено да зборува за тоа, па затоа не се обидувајте со сила да извлечете нешто од него.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
7 правила на кои богатите семејства ги учат своите ќерки за мажите (број 4 е клучно) Гледај како ги третира парите, тоа е начинот на кој ќе ги третира одговорностите...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...

Најчитани неделава