Совет од психолозите: Внимавајте како зборувате со детето, ако сакате да биде успешно

Многу од младите родители, кога го очекуваат своето прво дете, ги читаат сите можни книги за тоа како треба да се одгледа детето, на што да се обрне внимание...

Edna-mala-promena-vo-nacinot-na-razmisluvanje-kje-vi-pomogne-vasite-deca-da-stanat-pouspesni-01

Сепак, постои една универзална вистина за тоа како да ги израснете вашите деца во успешни личности која ретко која книга ја содржи.

Д-р Карол Двек укажува на фактот дека за вашите деца еден ден да станат успешни многу е важно да развијат правичен начин на размислување.  

Според него постојат два начини на размислување кои децата ги учат во најраната фраза од детството: ограничено размислување и размислување кое овозможува личен раст.

Ограниченото размислување се однесува на идејата дека карактерот, интелигенцијата и креативните способности се нешто вродено и нешто кое не може да се менува.

Од друга страна, размислувањето кое овозможува личен раст ја застапува идејата дека напорната работа и лекциите кои се учат од сопствените грешки се нешто кое постојано треба да нè води наред.

Бидејќи детството е период во кој се создаваат голем дел од основните навики и размислувања од суштинско значење е децата да научат правилно да размислуваат.

Најилустративно, двата начини на размислување може да се претстават на следниот начин:

Кога вашето дете чита, родителот со ограничено размислување му одговара – „Браво, колку си паметен/а!“, додека родителот кој се труди да наметне размислување кое води кон личен раст вели – „Работеше напорно за да научиш да читаш и еве сега го можеш тоа Браво!“.

Разликата во двете форми на воспитување е што, кога ги фалите талентите и способностите на вашите деца тие понатаму во животот учат дека треба да се потпираат на нив, без да вложат труд на научат нешто за кое не се талентирани.

Кога во животот ќе наидат на тешкотии, децата кои биле воспитувани да работат на нивниот личен раст ќе знаат дека е потребно време, трпение но и напорна работа за да ја надминат пречката и на крајот навистина ќе успеат во тоа, за разлика од другата група на деца која едноставно ќе каже „Јас не знам да го направам ова!“ и ќе се повлече.

Д-р Двек и нејзините колеги дури спровеле и истражување кое во период од 2 години го следело однесувањето на група седмоодделенци кои намерно биле одгледани според различни методи и начини на размислување. Тие откриле дека и покрај тоа што децата добиле слични оценки о предметите, нивните цели во поглед на учењето биле сосема различни.

Децата со ограничено размислување се труделе да изгледаат паметно во очите на наставниците без оглед на сè, додека главната цел на другата група деца била да научат без оглед дали тоа подразбира поставување на „глупави“, останување на дополнителни часови...

Токму затоа обидете се да ги научите вашите деца правилно да размислуваат и секоја ситуација да ја гледаат како шанса да научат нешто ново и да станат подобри и поуспешни личности.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...

Најчитани неделава