Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто бебињата најмирно спијат во мајчината прегратка?

Авторот Карлос Гонзалес во својата книга „Сакај ме многу“ посветува една мала интересна приказна која има цел да ја објасни мистеријата позади детскиот сон и чудната магија на мајчиниот допир.

Zosto-bebinjata-najmirno-spijat-vo-majcinata-pregratka-01.jpg

Хавиер кој има 18 месеци спие прилично лошо. Постојано ја вика мајка му Марија. Бара да му се раскаже приказна, вода за пиење, кажува дека се удрил некаде... секоја ноќ се претвора во вистинско мачење за семејството.

Си игра со тебе. Мораш да го пуштиш да се исплаче, ништо нема да му биде, ѝ кажуваат сите на Марија.

Марија и Хавиер тргнале во посета на неговата баба во далечно изолирано село. Таткото морал да оди на работа и не можел да тргне со нив. Автобусот кој требало да ги однесе до селото каде што живеела бабата доцнел неколку часа. Одеднаш Марија и Хавиер се нашле на осамена автобуска станица во два часот по полноќ и биле единствените патници таму.

Диреткната автобуска линија која сообраќала до селото на бабата тргнувала дури во 7.30 наутро. Мајката и синот се нашле во лошо осветлена чекална. Автобуската станица била сместена во предградието. Од првите населени улици во местото ги делеле ниви и голема фабричка зона.

Марија не се осудувала да тргне пеш до селото. Покрај автобуската станица се наоѓала бензинска пумпа, па светлото од бензинската ѝ влевало мала сигурност.

Одеднаш Марија сфатила дека нема пари за такси ниту за хотел, бидејќи си ја заборавила кредитната картичка. Одвај имала доволно пари и за автобусот. Но, добро, во прашање биле само пет часа додека да пристигне редовната автобуска линија.

Од време на време се слушал звукот на брзите автомобили кои поминувале и лаежот на кучињата од фабриката. Сомнителни непознати минувачи и мотоциклисти поминувале во близина на Хавиер и Марија во глувата доба од ноќта.

Нормално, Марија за сето време останала целосно будна. Хавиер од друга страна заспал во истата секунда кога таа го земала во својата прегратка.

Кој спие сега лошо?, помислила Марија. Во мајчината прегратка, во непознатото осамено место, опкружени со непријателски расположени минувачи, Хавиер се чувствувал посигурно отколку во сопствениот дом, сопствената соба и кревет.

За дете на негова возраст, мама е Супермен, непобеден заштитник. Нејзината прегратка е неговото огниште, неговиот дом, неговиот рај.

Мама, зарем не е тоа магично чувство?

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...
Креативни и корисни трикови од родители кои ќе ви се најдат ако имате мало дете „Купете мала правосмукалка за детето – ќе си игра со часови, а и ќе го исчисти п...
„Не можам да ги заштитам децата од сè“: Најтешките предизвици на родителите за кои ретко се зборува „Најтешко ми беше кога децата пораснаа и одеднаш останав во празна куќа и не зна...
Бебињата на Скандинавците спијат надвор, во Кина не носат пелени - 5 необични методи на воспитување ... Во Индија и други азиски земји се практикува спиење со децата во ист кревет – ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg