10 добри причини зошто да родите бебе на 35 години

Дали 35 се новите 25 години? Статистиките потврдуваат дека поголем број од родилките се на возраст помеѓу 35-40 години години и сé поретки се младите мајки (до 25 годишна возраст).

10-dobri-pricini-zosto-da-rodite-bebe-na-35-godini-01.jpg

Денес жените имаат многу опции и тие имаат повеќе време да размислат и да одлучат како, односно на кој начин ќе основаат семејство, доколку го сакаат тоа.

Се чини дека осудата за постари родилки не престанува. Нормално дека постојат предупредувања за ризиците кои ги носи бременоста по 30-тата година, но како и за младите мајки, така и кај постарите родилки има неколку позитивни работи кои одат во нивна корист.

Еве 10 добри причини зошто ако родите бебе на 35-годишна возраст не значи крај на светот:

 1. Емоционално и психички сте повеќе подготвени за промените коишто доаѓаат со раѓањето на бебето.

 2. Вашите родители се приближуваат или се веќе во пензија, па автоматски ќе имате повеќе помош околу новороденчето.

 3. Пријателствата кои ги имате со луѓето кои исто така се одлучиле да имаат бебе на слична возраст како вашата стануваат посилни и искуствата кои ги споделувате образуваат здрав пријателски сојуз до крајот на животот.

 4. Децата чинат пари, а веројатноста дека до 35 години веќе сте се обезбедиле материјално е многу поголема за разлика од 20-тите години во животот.

 5. Сте имале доволно време да искусите многу работи во животот (љубовни врски, кариера, патувања), па не мора да се прашувате – А што доколку го направев ова...?

 6. Ќе заштедите прилично многу на детска облека, играчки, колички и креветчиња, бидејќи ќе има доволно луѓе околу вас кои веќе го поминале тоа и не им се потребни овие работи.

 7. Фазата на сопственото ЈАС и себичноста е веќе надмината работа бидејќи сега сте конечно целосно подготвени да ставите нечии туѓи потреби пред вашите.

 8. Имате дом кој е комплетен и соодветен за бебе, односно семејство.

 9. Нема да го презирате тајмингот на мајчинството, прво, бидејќи бременоста е ваша свесна и долго планирана одлука, второ, бидејќи неможноста да се излезе со друштвото, да се отиде на непланирано патување или да се забавувате до раните утрински часови не ви предизвикува гнев или горчина, затоа што веќе сте го поминале тој „филм“ и знаете дека не пропуштате апсолутно ништо.

10. Имате животно искуство и мудрост кои можете да му ги пренесете на вашето бебе како и доволно трпение за малото злато.

Се согласувате и имате ли да додадете уште нешто?

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава