3 едноставни начини да им помогнете на децата да го исправат грбот

Една од најважните работи за правилен физички развој кај децата е држењето. Еден од главните причинители на згрбавеност кај децата е носењето на ранецот полн со книги и тетратки.

3-ednostavni-nachini-da-im-pomognete-na-decata-da-go-ispravat-grbot-01.jpg

Освен тежината на ранецот, треба да внимавате и на тоа како детето седи на биро додека пишува домашно или игра на компјутер.

За да ја спречите оваа појава и да им помогнете на децата да останат исправени, практикувајте ги следниве 3 начини за подобро држење:

1. Додека детето гледа телевизија или игра игри на компјутер, еден начин да остане исправено е ако седи на топка за вежбање (пилатес топка).

Топката ги зацврстува мускулите на грбот и помага за стабилност на ‘рбетот. Плус, на детето сигурно ќе му биде позабавно отколку на обично столче или фотелја.

3-ednostavni-nachini-da-im-pomognete-na-decata-da-go-ispravat-grbot-04.jpg

2. Кога детето пишува домашно на биро или седи на компјутер, внимавајте на каков стол седи. Најдобро е столот да биде со тркалца, направен од удобен материјал, а најдобар избор се ергономските столови направени токму за оваа намена.

Столот треба да биде поставен на правилна оддалеченост од бирото и под правилен агол така што екранот треба да биде во права линија со главата на детето за да не се подгрбавува. Приспособете ја висината на столот да одговара на висината на детето кога пишува или црта.

3-ednostavni-nachini-da-im-pomognete-na-decata-da-go-ispravat-grbot-02.jpg

3. Внимавајте на тежината на училишниот ранец на детето и извадете ги непотребните работи за да не биде преполнет.

Ранецот е најдобро детето да го носи на двете рамена, а не на едното за да не дојде до искривување на едната страна од грбот.

3-ednostavni-nachini-da-im-pomognete-na-decata-da-go-ispravat-grbot-03.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Децата не знаат за предрасуди, ги учат од нас Кога ќе се родиме, ние сме најчистите суштества на планетата. Родени од љубов и ...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...

Најчитани неделава