Бидете пример за вашата принцеза: Татковци одгледувајте самоуверени ќерки!

„Принцезо ти си најубава“ или „принцезо ти си најснаодлива“ - кој е вистинскиот комплимент?

bidete primerot za vashata princeza tatkovci odgleduvajte samouvereni kjerki 01

Проблемите со несигурностите околу телото доаѓаат на изненадувачки рана возраст, особено кај девојчињата.

За ова придонесува и искривената слика што се сервира во медиумите, каде се проценува дека околу 87% од женските ликови во детските ТВ шоуа имаат потпросечна тежина.

Ист е случајот и со претенките тела на хероините од цртаните ликови.

Самодовербата не доаѓа природно кај децата, па затоа родителите треба да работат со нив. Иако се претпоставува дека мајката е задолжена за ова, татковците имаат подеднаква, па и поголема улога во ова.

Еве како татковците треба да постапуваат за да одгледаат самоуверени ќерки:

Фокусирајте се на достигнувањата кои не вклучуваат естетика

Сите сакаат комплименти, но важно е мудро да бирате што ќе ѝ кажете на вашата ќерка, затоа што никогаш не можете да знаете што поминува низ нејзината глава и како комплиментите влијаат врз неа.

Ценете ја вашата ќерка поради тоа што е, а не поради тоа како изгледа.

Посочете ѝ на сексизмот во медиумите

Уште кога е мала, започнете да ја учите за нееднаквоста на половите која се презентира во медиумите. Многу емисии што се сервираат во медиумите ги деградираат жените, па вашата ќерка треба да знае дека мислите дека тоа не е во ред.

Како татко, треба да ѝ објасните зошто мислите дека тоа е лошо, бидејќи може да има големо влијание на нејзиниот развој како дете. Исто така, и мајките треба да посочат на сексизмот од мажите во околината.

bidete primerot za vashata princeza tatkovci odgleduvajte samouvereni kjerki 02

Направете го менталното задоволство приоритет

Нагласете ја важноста на грижата за психичкото здравје наспроти физичкото совршенство. Обрнувањето внимание на менталното здравје е многу поважно од трчањето по кој било физички идеал.

Татковците треба да ги научат своите ќерки дека тоа како се чувствуваш е поважно отколку тоа како изгледаш.

Кажете им стоп на диетите

Правејќи ја ќерка ви свесна дека вие ги прифаќате несигурностите околу своето тело, природно ќе направите таа да го следи вашиот пример.

Ако вие постојано сте на диета и анксиозни околу својот изглед, тоа ќе направи и таа да се запраша околу својата естетика и да се натовари со комплекси.

Се разбира, ова се однесува на двајцата родители.

Не зборувајте за вашите телесни несовршености

Како за однесувањето, така и за вокализирањето на проблемите околу вашиот изглед - важи истото. Децата учат од нас од работите што ги правиме и зборуваме, па избегнете жалби во нивно присуство.

Бидете примерот кој сакате вашата ќерка да го види. Само затоа што сте татко не значи дека не можете да ѝ бидете пример за позитивен став околу своето тело.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќерка ми трпеше болка во стомак за да не нè загрижува – заврши на итна операција со пукнато слепо ц... Исповед на мајка од Србија со моќен апел до родителите: „Таа трпеше болка долго,...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава