„Ужасно изгледаш!“: Најзгодната трудница доби остри критики за голите фотки

Таа позираше гола на само неколку дена пред породувањето, но наместо зборови со поддршка, нејзините последни фотографии предизвикаа лавина од негативни реакции на социјалните мрежи.

uzhasno-izgledas-najzgodnata-trudnica-dobi-ostri-kritki-za-golite-fotki-1.jpg

Ако нечија бременост будно се следи, а и постојано ги дели мислењата на јавноста, тоа е на контроверзната манекенка Сара Стејџ.

Поради нејзината фит форма, таа беше мета за критики уште во петтиот месец. Но, наспроти сè, продолжи да ги чести дежурните критикувачи, но и поддржувачи, со нов материјал за коментари. Седмиот месец од бременоста го прослави со бикини фотка, а потоа и сподели како тренира во осмиот месец.

А, иако навлезе и во деветиот месец, стомачето едвај ѝ се познава.

Од породувањето ја делат само неколку дена, но според последните фотографии, никогаш не би извеле таков заклучок. Терминот ѝ e на 22 октомври, а сите што ја видоа во голо издание, останаа шокирани.

Сара, која е познат фитнес модел со 2,3 милиони обожаватели на социјалните мрежи, има навистина мало трудничко стомаче, а многумина сметаат дека со својот „неприроден“ изглед во бременоста, сериозно ќе му наштети на бебето.

„Дефинитивно не би сакала да изгледам вака во деветтиот месец од бременоста. Ужасно е! На нејзино место, не би ја напуштала докторската ординација. Би барала неделни ултразвучни прегледи и мерења, за да бидам сигурна дека сè е во ред со бебето. Носи живо суштество, а не парче леб", напиша една од жените под фотографијата на Сара.

Сара, пак, се обиде да ги увери своите фанови дека здраво се храни, како и дека нејзиното тело едноставно нема изразено стомаче.

„Нашите тела се способни за многу повеќе одошто мислиме. Сите би требале да знаат дека секое тело е поинакво од другите, а таа различност треба да се почитува“, беше нејзиниот одговор на острите критики.

Ова ѝ е втора бременост. После првата го стекна прекарот „најзгодна мајка во светот“, а имаше стомачни мускули и во осмиот месец од бременоста.

Иако и тогаш пишуваа дека ќе роди болно дете поради својот изглед, нејзиниот син е роден здрав, а неодамна наполни две години.

Што мислите вие – на чија страна сте во овој случај?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...
„Патување без деца? Да! Бевме со сопругот во Рим и ни беше како втор меден месец“ „Рим, само ние двајца. Чекавме 4 години. Четири години за да побегнеме од улогат...

Најчитани неделава