Најзгодната трудница во светот: Во 8-ми месец има стомачни мускули (фото)

30-годишната американска манекенка Сара Стејџ е во 8-от месец од бременоста и го има најстегнатото тело со стомачни мускули.

najzgodnata-trudnica-vo-svetot-vo-8mi-mesec-ima-stomacni-muskuli-foto-001.jpg

Како е возможно да има толку мало стомаче? Дали со нејзиното бебе сè е во ред? Овие прашања и станале секојдневие, па затоа прекрасната бринета реши да ја открие тајната.

Ако ја следите на Инстаграм, ќе забележите дека Сара секојдневно ги известува своите 1.2 милиони следбеници што јаде и како вежба.

Во едно интервју објаснила дека последните неколку месеци се одржува во форма со лесни вежби за трудници и пилатес.

Кога се работи за исхраната, таа главно консумира оброци составени од ориз, зеленчук, пилешко и свинско месо. Сепак, тврди дека не се разликува многу од останатите трудници и има напади за одреден вид на храна.

- Сакам хамбургери и сладолед, иако по мојот изглед тоа не може да го заклучите.

Голем број од фановите на Инстаграм знаат да искоментираат „само се надевам дека бебето ти е здраво“, но и за тоа Сара има соодветен одговор.

- Во последно време, секој има по нешто да каже. Посебно преку социјалните медиуми. Повеќето коментари се позитивни, па се трудам да ги игнорирам злобните. Моите доктори велат дека бебето е здраво и тоа е тоа што ми е важно. Бебето наскоро ќе пристигне. Ситно ги одбројуваме деновите!

Би можело да ве интересира:

5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Идеи за нежен пролетен маникир – ќе го посакаат и тие што сакаат едноставни нокти За оние кои сакаат едноставни наместо кич нокти, но сепак сакаат со стил да ја д...
5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...

Најчитани неделава