Бебињата ги разбираат зборовите долго пред да научат да зборуваат

Стоп за лигавото обраќање кон бебињата! Тие учат од вас, па зборувајте им како на кој било возрасен соговорник.

bebinjata-gi-razbiraat-zborovite-dolgo-pred-da-nauchat-da-zboruvaat-01.jpg

Можеби мислите дека вашето бебе го учи јазикот додека учи да зборува, но не е така. Вашето бебе најверојатно научило многу зборови пред да успее да го изговори неговиот прв збор.

Способноста на децата да ги разбираат зборовите има голема предност пред нивната способност да зборуваат. Детето многу рано започнува да слуша и разбира и неговиот мозок ги складира овие зборови за идна употреба.

Истражувањата покажуваат дека бебињата имаат вграден, сигнален систем кој тие го користат за да испраќаат и примаат сигнали. Сигнализацијата главно се состои од изрази на лицето, вокализација и чувства на среќа, тага, бес или страв.

bebinjata-gi-razbiraat-zborovite-dolgo-pred-da-progovorat-02.jpeg

Бебето перципира што сакате да му кажете преку вашиот тон, израз на лицето и гласовната модулација. Истражувачите заклучија дека смирувачките зборови и тонови како „те молам“, „насмевка“ и „ангел“ кажани со тивок шепот, се регистрираат поинаку во мозокот на детето отколку зборовите полни со тага или бес.

Бидејќи бебињата започнуваат да перципираат и разбираат многу рано, родителите треба да внимаваат што кажуваат пред нив. Нивниот невин изглед може да ве излаже, тие го перципираат секој збор кажан пред нив.

bebinjata-gi-razbiraat-zborovite-dolgo-pred-da-progovorat-03.jpg

„Интригантно е што има докази дека и покрај малиот број на зборови што ги знаат, тие имаат чувство кои зборови и концепти се слични“, вели доктор Елика Бергелсон од Универзитетот Duke во Северна Каролина.

Истражувањето е спроведено на бебиња од 6 месеци преку поврзување на зборовите со предмети. Кога ќе им се кажело „кревет“, бебињата погледнувале кон креветот. Технологијата со следење на реакцијата на очите им докажала на истражувачите дека бебињата го знаат значењето на многу зборови, пред да научат да ги изговараат.

Истражувачите советуваат да го третирате вашето бебе како кој било друг возрасен соговорник, бидејќи тоа ве слуша и учи.

bebinjata-gi-razbiraat-zborovite-dolgo-pred-da-progovorat-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава