„Мамо, посакувам да бидам барем половина човек од тоа што си ти“

Еден син ѝ оддаде почит на својата мајка за сета безусловна љубов, поддршка и доверба во животот, преку прекрасно емотивно писмо до неа.

mamo-posakuvam-da-bidam-barem-polovina-chovek-od-toa-shto-si-ti-01.jpg

Некако работите во животот ги земаме здраво за готово и никогаш не подзастануваме за миг да подразмислиме колку всушност сме среќни што ги имаме нашите родители.

Но, еден син го сфати тоа и напиша отворено писмо полно благодарност до својата мајка.

Мамо,

Ако не беше ти, немаше да бидам тука. Ти си мојот најдобар пријател, мојата карпа, мојата ѕвезда, мојот број еден фан. Додека ги водеше своите сопствени битки, ти никогаш не заборави на грижата за мене. Ти си безгранично чувствителна и мила и имаш срце од злато.

Секогаш даваш сè од себе за да бидеш совршен пример за твоите деца. Секогаш сме ти приоритет. Никој не смее да нè задева.

Од тебе научив дека животот може да биде тежок, но дека јас сум силен и можам да се справам. Ме научи да бидам силен и самодоволен. Исто така, сега знам дека е во ред да плачам и да побарам рамо за утеха. Ти си дефиниција за тоа како треба да се сакаат другите и покрај маните. Ти си ми водич за да го видам доброто во луѓето и, ако не го пронајдам, да барам уште посилно.

Ме научи што е вистинска убавина. Постојано размислувам како да бидам барем половина човек од тоа што си ти, но не успевам никогаш. Нема упатство како да се биде толку прекрасна личност.

Исто така, жалам што ми беше потребно толку долго време за да сфатам колку квалитетен човек си ти. На мигови правев да се чувствуваш неценето, но тоа никогаш не ми беше намерата. Моите зборови и дела понекогаш не беа достојни за љубов, но ти ме сакаше без разлика на сè. Мислев дека знам сè, но не бев свесен дека ти секогаш имаш само најдобри намери за мене на ум.

Ми ги поддржуваш сите соништа и цели и во секоја фаза од животот можам да сметам на тебе. Секогаш си била и ќе бидеш покрај мене. Ти благодарам што ми постави одредени граници, но ми веруваше доволно да ми дозволиш да истражувам. И кога ќе дојдев скршен во твојата прегратка, ти беше тука да ме фатиш. Без осуда, без викање, без лекции. Секогаш велеше дека сум млад и дека ти си била некогаш млада и знаеш како е. Никогаш не се чувствував сам.

Не минува ден без да помислам колку сум среќен што ја имам честа да те викам „мамо“. Се надевам дека ќе те направам горда и ти ветувам дека секој ден ќе се трудам сè повеќе. И кога ќе дојде денот да имам свои деца, само се надевам дека ќе бидам барем половина успешен родител од тоа што си ти.

Те сака,
Твојот син

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава