Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Принцеза на Инстаграм: Има само 3 години, луксузна палата и илјадници обожаватели

Многу познати брендови ѝ подаруваат облека и обувки, а згора на сѐ и ѝ плаќаат по 250 австралиски долари за една објава, бидејќи на фотките носи нивна гардероба.

princeza-na-instagram-ima-samo-3-godini-luksuzna-palata-i-iljadnici-obozhavateli-1.jpg

Мили-Бел Дајмонд од Квинсленд, Австралија има само три години, а веќе е мета на илјадници љубопитни погледи, кои ѝ го следат секој чекор на социјалната мрежа Инстаграм.

Поточно, тоа што нејзините родители везден го објавуваат за неа. На личниот профил, таа во моментот има речиси 2000 објави, а приближно 160.000 следбеници.

princeza-na-instagram-ima-samo-3-godini-luksuzna-palata-i-iljadnici-obozhavateli-2.jpg

Последната новина со која ги изненади многубројните обожаватели е луксузната куќичка во која неодамна се всели.

„Palace MBD" е нејзиниот дворец, а вреди околу 5000 австралиски долари. Го изработил нејзиниот татко Мајкл, за што му биле потребни три месеци.

princeza-na-instagram-ima-samo-3-godini-luksuzna-palata-i-iljadnici-obozhavateli-3.jpg

Со сопругата дошле на идеја да ѝ изградат мини здание на нивната ќерка, откако виделе слична куќичка на нејзината во Америка, која чинела 20.000 американски долари.

Во Австралија не успеале да пронајдат нешто такво, па таткото одлучил самиот да ја направи, со оглед на тоа дека е искусен во градежништвото. Секако, му помогнала и сопругата, која ја бојадисала одвнатре и однадвор.

princeza-na-instagram-ima-samo-3-godini-luksuzna-palata-i-iljadnici-obozhavateli-4.jpg

Во својата палата, девојчето има голем телевизор на кој гледа цртани филмови, убава фотелја, бушаво килимче, шкафче со огледало за шминкање, кристален лустер, мало бело пијано, големо ѕвоно на вратата, саксии со цвеќе на тремот пред куќата...

Наскоро ќе добие и клима уред.

princeza-na-instagram-ima-samo-3-godini-luksuzna-palata-i-iljadnici-obozhavateli-5.jpg

Во разговор со светските медиуми, родителите истакнуваат дека сакале нивната ќерка да има нешто кое ќе го користи во годините што се пред неа.

А, по зборовите на нејзината мајка, Шај Фокс, принцезата на Инстаграм не ни заслужува ништо помалку.

princeza-na-instagram-ima-samo-3-godini-luksuzna-palata-i-iljadnici-obozhavateli-6.jpg

 „Таа е мала дива, па сакав да ѝ одговара на нејзиниот карактер. Да изгледа достојно за објава на Инстаграм. Таква куќичка е сон на секое дете. Мили-Бел е пресреќна. Тоа е палата каква ѝ прилега на една кралица, што таа апсолутно го обожува.“

princeza-na-instagram-ima-samo-3-godini-luksuzna-palata-i-iljadnici-obozhavateli-7.jpg

Воедно, девојчето има и гардеробер преполн со модни  парчиња, на кои би ѝ позавиделе и мноштво возрасни жени. Откако родителите почнале со објавување на нејзините фотографии на Инстаграм, познатите брендови ја опсипуваат со облека и обувки.

Покрај подароците, таа добива и по 250 австралиски долари за секоја објава каде ja носи нивната гардероба, затоа што со фотките им прави реклама.

princeza-na-instagram-ima-samo-3-godini-luksuzna-palata-i-iljadnici-obozhavateli-8.jpg

А, како тоа да не е доволно, Мили-Бел Дајмонд и самата има свој бренд. „MBD Label“ е луксузна линија за бебиња и нивните мајки.

Годинава, пак, го имаше и своето деби на модната писта. Ни помалку, ни повеќе – туку на Модната недела во Њујорк, пренесува Daily Mail. 

princeza-na-instagram-ima-samo-3-godini-luksuzna-palata-i-iljadnici-obozhavateli-9.jpg

Имате ли коментар? Погледнете како изгледа гламурозниот живот на малечката дива:

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

5 искрени детски реакции кои ќе ве насмеат до солзи „Мојата мала ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на ве...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Бракот се менува по децата, но сакам тие да видат татко кој длабоко ја сака нивната мајка“ Бракот се менува кога ќе станете родители. Тоа е реалноста. Нема начин да се зао...
Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...
11 застарени правила за воспитување на кои денес се смееме Нова облека се купува само ако ја скинеш старата, а децата што биле слаби се сме...
Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg