Трите правила на Бил Гејтс кога станува збор за мобилните телефони и децата

За поголемиот дел од луѓето, Бил Гејтс и Стив Џобс се синоними за технолошка иновација. Но, иако и двајцата се практично најзаслужни за денешниот изглед на компјутерите и мобилните телефони и покрај фактот што поради нив истите се достапни на најголемиот дел од популацијата, и двајцата истакнале строги правила кога се работи за употреба на технологијата во домот.

Trite-pravila-na-Bil-Gejts-za-mobilnite-telefoni-i-decata-01.jpg

Конкретно, Бил Гејтс од своите деца бара да почитуваат 3 правила:

1. Нема мобилен телефон пред 14-тиот роденден.

2. Забранета е употреба на мобилниот телефон на масата додека се јаде.

3. Мобилниот телефон не смее да се носи во креветот за спиење.

Во една прилика, компјутерскиот могул Гејтс изјавил: „Задачата на родителите е секогаш да бираат исклучиво добри начини за употреба на технологијата, како што е учењето на нови работи или одржувањето на контактите со пријателите, но и да внимаваат истите овие потреби да се во умерена доза“.

И Стив Џобс имал строги правила и ограничувања поврзани со технологијата и своите деца, до таа мера што им забранил да употребуваат iPad, иако тој учествувал во неговата иновација.

Доколку овие два технолошки магнати донеле и спроведувале вакви строги правила за своите, деца, останува да се запрашаме зошто поголемиот дел од родителите не го следат нивниот пример?

Кога вие или вашите деца го добивте првиот мобилен телефон или компјутер?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 правила на кои богатите семејства ги учат своите ќерки за мажите (број 4 е клучно) Гледај како ги третира парите, тоа е начинот на кој ќе ги третира одговорностите...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...

Најчитани неделава