10 работи кои никој не ви ги кажува за бременоста во 30-тите години

Сè поголем број брачни парови одлучуваат подоцна да основаат семејство поради многубројни причини. Но, вистинското прашање е колку бременоста во текот на 30-тите години од животот е поразлична од онаа во претходната декада.

10-raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-bremenosta-vo-30-tite-godini-01.jpg

Денешното време наложува партнерите прво да се обезбедат станбено и финансиски, па дури потоа да дојде на ред прашањето за основање семејство. Според многумина, ова не секогаш е најпаметната одлука бидејќи биолошките часовници отчукуваат брзо, но на крајот од денот секој сам живее и се носи со своите одлуки, нели?

Поради сите овие причини бројот на оние кои за прв пат стануваат родители во своите 30-ти години е сè поголем.

Сепак, многу малку се зборува за бременоста во 30-тите години. Еве неколку интересни работи што ретко кој ги кажува:

Бременоста веројатно ќе ви биде позаморна

Едно е да си бремена за прв пат на 25 години, а сосема друго на 35 години. Бременоста согласно возраста е сосема различно искуство.

Вашето тело не е толку подготвено за сè што бременоста го носи со себе како процес, па најчесто жените кои подоцна стануваат мајки решаваат да останат само со едно дете, бидејќи процесот малку ги заморил и исцрпил.

Да, исцрпувачко е

Ќе бидете многу уморни. Ќе се присетувате на сите оние денови на факултет кога останувавте будни со 2 кафиња до 5 часот наутро за да учите или моментите кога безгрижно излегувавте со друштвото до раните утрински часови.

Ќе се прашувате како е можно да не можете да се одржите будни ниту на работното место, без потребата да ја спуштите главата на бирото и да дремнете на секои 5 минути.

Ќе бидете поздрави

Можеби оваа изјава не ви прави многу смисла, но иако плодноста на жените се намалува со текот на годините, најдобриот период кога се зборува за здравјето на мајката и бебето се доцните 20-ти и раните 30-ти години за зачнување и бременост.

Ќе го доведете животот во ред

Доколку првото дете го добиете по 30-тата година, тоа ќе ви остави доволно простор да остварите некои замислени цели или да си ги исполните соништата од детството, бидејќи со години секако доаѓа зрелоста и искуството.

Луѓето постојано ќе ве прашуваат за годините

Имајте предвид дека многумина ќе се интересираат колку години имате, дали ова е вашето прво бебе и зошто сте чекале толку многу? Секој ќе има по некој коментар поврзан со вашето здравје, бебе или бременоста.

Но, не заборавајте дека тоа е ваша одлука и ваша работа, па не дозволувајте туѓите коментари да ве повредат или да ви всадат некаков сомнеж.

Тешко ќе ви биде да жонглирате со работата и мајчинството

Особено доколку веќе имате некој вид на кариера во подем. Навистина е тешко да се одлучи кога е вистинското време за деца кога напредувате во кариерата. Дали да се борите за повисока позиција и плата или пак да отидете на породилно отсуство и да му се посветите на семејството?

Ќе бидете задоволни со себе

Веројатно нема да ви е толку важно да се вратите што побрзо во топ форма веднаш по породувањето. Наместо тоа, ќе бидете фокусирани на поважните работи, а тоа е само уште една предност кога станувате мама во 30-тите години.

Ќе имате време добро да го процесирате сè она што ви се случува, што сте постигнале дотогаш, што ви е поважно на долг рок, а мислењата на другите околу вашите одлуки нема да ве тангираат онака како што било случај во минатото кога сте биле помлади и понеискусни.

Луѓето ќе ве осудуваат

Да, подгответе се за остри критики, осуди, злобни неумесни коментари од страна на околината. Досега требаше да родиш трето, а не прво. Требаше да купуваш многу порано пелени, наместо влошки.

Немојте да се прашувате колку години ќе имате кога вашето дете ќе матурира. Тоа ќе го пресмета некој особено грижлив чичко или тетка од фамилијата наместо вас.

Ќе ви биде потешко да забремените

Вистината е дека со текот на годините забременувањето станува сè потешко. Во еден момент ќе започнете да си ги преиспитувате одлуките и да се прашувате дали фактот што сте решиле да почекате бил паметен потег.

Но, доколку сте целосно реализирани, станбено и финансиски, ќе ви стане јасно дека сепак сте биле во право. Добрата вест е што медицината е толку напредна, што ретко постои проблем на кој не може да му се најде решение кога станува збор за забременување.

Всушност, сè ќе биде во ред

Ќе го имате вашето малечко во раце за коешто сте сонувале, а сте морале да го одложите за да материјализирате една подобра иднина за него. Ќе биде сè во ред, сè додека сте сигурни и задоволни од сопствените одлуки.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава