Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вирален хит: Мајка сподели колку стрии има на стомакот по раѓањето на 4 деца (фото)

Прекрасната млада Малезијка сака да го тргне притисокот од рамениците на мајките дека по породувањето мора да имаат тело идентично како и претходно.

viralen-hit-majka-spodeli-fotki-od-svojot-stomak-so-strii-i-svetot-i-chestitashe-za-hrabrosta-foto-01.jpg

Дорин Чинг испраќа порака за позитивност, за ценење на сите женски тела без разлика дали тие имаат стрии, целулит или лузни на нив.

Таа, иако има само 23 години, веќе има 4 деца и на нејзиното тело се забележуваат траги од бременоста со четворката. Нејзиниот стомак цел е со стрии и најверојатно никогаш повеќе нема да изгледа како порано.

Но, Дорин е помирена со тоа и на социјалните мрежи прикачи фотографија на која стомакот и е во прв план и која стана вирална прво во Малезија, па и во целиот свет.

viralen-hit-majka-spodeli-fotki-od-svojot-stomak-so-strii-i-svetot-i-chestitashe-za-hrabrosta-foto-04.jpg

Луѓето ѝ честитаа за храброста, но Дорин вели дека минала долг пат додека да го прифати своето тело.

„Првото нешто кое го направив по породувањето беше гледањето на мојот стомак. Плачев и знаев дека ниту една операција нема да може да го среди и дека така ќе ми изгледа до крајот на животот“.

Таа открива дека добила и пораки во кои ѝ велат дека изгледа одвратно, но тоа не ја обесхрабрува да ја испрати пораката до светот дека сите жени, кои родиле и кои можеби никогаш повторно нема да имаат тело какво што имале, се убави и треба да бидат почитувани.

Без разлика што има тело со траг од бременоста со четворка, таа порачува дека повторно ќе носи бикини со гордост.

viralen-hit-majka-spodeli-fotki-od-svojot-stomak-so-strii-i-svetot-i-chestitashe-za-hrabrosta-foto-05.jpg

viralen-hit-majka-spodeli-fotki-od-svojot-stomak-so-strii-i-svetot-i-chestitashe-za-hrabrosta-foto-03.jpg

viralen-hit-majka-spodeli-fotki-od-svojot-stomak-so-strii-i-svetot-i-chestitashe-za-hrabrosta-foto-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„По мојот развод на 40 години, си кажав дека нема да се омажам никогаш повеќе, но се премислив“ „Го променив моето мислење кога закрепнав и почнав да му се молам на Бог да ми д...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg