Сите жалби и поплаки на една типична балканска мајка

Една е мајка велат сите, а јас велам дека особено балканските мајки се едни, единствени и незаменливи.

site-zalbi-i-poplaki-na-edna-prosecna-balkanska-majka-001.jpg

Колку и да се лутиме на нивните зборови, сепак кога ќе се собереме заедно со другарите и ќе споредиме што се ни кажале додека сме растеле излегува како да сме биле одгледани од една иста мајка.

Ако сте деца од Балканот тогаш сигурно вашата мајка ви се обратила со еден од следниве фамозни искази:

1. Пак ќе излегуваш, пак ли ќе излегуваш секој ден по тие дискотеките, немој да ти текнало да се пијанчиш, да те гледаат комшиите, да се смеат, да не зборуваат, пред 12 дома да си, ме разбра?

2. Сè додека ти си под мојот покрив има да ме слушаш што има јас да кажам, не туку ми продавај демагогии, таа соба е во мојата куќа значи е моја соба и глас да не слушнам!

3. Само јас овде цел живот ги мијам чиниите сама, креветите ги местам, пери, пеглај, дипли, како слугинка. Абе еднаш да речевте да помогнете, еднаш да се понудевте, само по цел ден оптегнати по тие креветите.

4. Сите излезени, дотерани, само јас тука генералка секој викенд. Кај сите е посредено, само ова куќа смрдена остана, како стоки тука да живеат!

5. Бојлерот пуштен, осет да се немало, сметката за струја поголема од сметката за плата, сакате да банкротирам јас овде, само избањај се - излези, толку знаете!

6. Пак начука тројка, ќе ја поправиш, ти ќе ја поправиш, јас бре на ваши години смукав, работев по ниви, одгледував растенија и сите ми беа петки, најдобра бев со 5,00 просек. Вие по цел ден лежите и пак тројки, Боже, Боже, овци ќе ти купам па да ги гледаш барем да знам, а не овде да се нервирам!

7. Пак не ме слушаш што кажав, ајде повтори, ајде повтори ми ги последните зборови да те слушнам колку ме слушаше, ѓубре едно невоспитано!

8. Ете го/ја пак на телефонот, штрака од сабајле деноноќно, ни да каже нешто, ни па да прозбори. Три дена ја молам да ми покаже како се работи на компјутерот, никој мене рецка не ми удира, никој!

9. Не знам јас, да си одиш и да си го прашаш татко ти!

10. Пак настина, ти реков кожното да не го носиш, бањат/а да не излегуваш, бубрезите да ги покриеш. Ама не, мода ќе ми тераш, сега јас ќе ти се мислам што апчиња да ти дадам, абе џигерите ми ги извадивте!

11. Намали ја таа музиката од лап топот што ти трешти, куќава не е дискотека за ти да ми изведуваш овде лудило!

12. Нацртај се овде, затоа што ако ти дојдам таму има влечка да заигра па да го видиш ти Господ!

13. Фрижидерот пак празен, вчера го полнев, како животни да живеат тука, прави ручеци цел ден, прави, пак на крајот ненајадени!

14. Мести мести за гостите, тие ми се наместиле тука први да грабаат од трпезата, абе нема јадење додека не си одат гостите!

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...

Најчитани неделава