4 принципи на воспитување на децата, според семејството Рокфелер

Семејството Рокфелер има огромно богатство и обрнува особено внимание на воспитувањето на идните генерации за тоа да се одржи и зголеми.

4-principi-na-vospituvanje-na-decata-spored-semejstvoto-rokfeler-01.jpg

Пред век и половина Рокфелер ги заработи неговите први 5 долари. Неколку децении подоцна тој стана првиот милијардер во светот.

Неговите наследници не само што успеаја да го задржат неговото богатство, туку и значајно го зголемија. Денес, семејството на првиот милијардер во светот има повеќе од 500 потомци.

Според кои принципи ги воспитуваат децата припадниците на ова семејство:

Редовни семејни средби

Да се одржуваат топли семејни врски во огромно семејство, кое живее во различни држави, не е лесно, но мора да се вложи труд во тоа. Често се случува и по 100 членови од семејството Рокфелер да се во иста соба, како на Божиќ на пример.

Исто така, семејството има практика да одржува т.н. форуми на кои сите членови кои имаат над 21 година дискутираат за најважните работи како бизнис и хуманитарни акции.

4-principi-na-vospituvanje-na-decata-spored-semejstvoto-rokfeler-03.jpg

Семејни вредности

Тие внимателно се трудат да ги складираат документите, писмата и да ја зачуваат семејната историја. Семејниот имот, исто така, е заштитен.

Членовите на ова семејство откриваат дека е навистина важно што можат да се вратат на местото на кое нивниот прадедо живеел пред повеќе од 100 години.

4-principi-na-vospituvanje-na-decata-spored-semejstvoto-rokfeler-02.jpg

Не постои само една семејна компанија

Тие не сакаат една огромна семејна компанија. Во 1911 владата на Америка барала членовите на семејството Рокфелер да го поделат монополот на нафта на повеќе помали компании.

Па, така сите членови на ова семејство растат и работат во посебна насока. Некои се банкари, други политичари, трети во некоја сосема друга сфера итн.

4-principi-na-vospituvanje-na-decata-spored-semejstvoto-rokfeler-05.jpg

Хуманитарна работа

Клучниот фактор во правилното воспитување на децата во семејството Рокфелер е учеството во хуманитарни настани од најрана возраст.

На децата им се покажува колку е важна филантропијата и нивите родители ги учат дека е неопходно да одвојуваат пари за донации.

4-principi-na-vospituvanje-na-decata-spored-semejstvoto-rokfeler-06.jpg

Прочитајте ја и поучната приказна за парите и човекот!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...
„Бев хеликоптер родител кој сака да контролира сè – им ги пренесов стравот и анксиозноста на децата“ „Ми требаа многу години да се ослободам од мојот невротичен начин на воспитување...

Најчитани неделава