На што треба да внимаваат идните родители при избор на име за бебето?

Изборот на име за бебето некогаш може да биде комплицирана задача, бидејќи од една страна, родителите можеби имаат различни желби, но од друга, детето ќе го носи тоа име доживотно (или додека да одлучи да го промени, откако ќе стане полнолетно).

na-shto-treba-da-vnimavaat-idnite-roditeli-pri-izbor-na-ime-za-bebeto-01.jpg

Постојат многу фактори кои може да влијаат врз вашата одлука. На пример, во нашата традиција често се случува новороденчето да добие име според член од семејството или некоја значајна личност во животот на родителите.

Исто така, понекогаш некои родители претеруваат со специфичните и уникатни имиња за децата, што иако на прв поглед е симпатично, понатаму може да не му се допадне на детето.

Затоа, пред да одберете име, обрнете внимание на следниве работи:

Замислете како тоа име звучи

Замислете дека сте на игралиште со вашето дете, многу други деца и родители. Дали името што го планирате звучи пријатно или смешно ако го изговорите гласно? Токму ова е еден од главните фактори на кои треба да внимавате.

Име без рок на траење

Секогаш постојат периоди во кои одредени имиња се модерни и иако во моментот ви се чини дека се ретки, за некоја година може да се случи секое второ дете да го носи истото име или пак, да не можете да го поднесете веќе звукот на името поради презаситеност.

На пример, избегнувајте да дадете име според многу популарна јавна личност или лик од филм или серија. Со тоа им ставате непотребен товар на децата на грб.

Преводливост на името

Она што значи едно на македонски јазик, во некој друг може да значи нешто сосема друго. Иако се ретки ваквите примери, направете краток „google translate“ тест, за да избегнете непријатност доколку вашето дете кога ќе порасне реши да се пресели во друга држава.

Името што не го поднесувате

Во прв момент, исклучете ги како опции имињата на поранешните партнери, на поранешните пријатели и на личности кои со своето однесување ве иритираат. Иако листата може да биде долга, многу поважно е да не чувствувате горчина во устата кога го повикувате своето дете.

Кратење на името или прекар

Кај некои родители е клучно името да не може да се скрати или од него да се изведе прекар. Друго на што треба да се внимава е да не се римува со збор што опишува нешто навредливо или непријатно.


Имајќи ги предвид сите овие фактори, може да се заклучи дека иако не е лесен изборот, секогаш е паметно да се внимава и да се размисли пред вашето бебе да добие име.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава