Додека мајките го сликаат совршениот оброк за во женските групи, во позадина е хаос (фото)
Овие фотографии се доказ дека совршените фотки од храна на домаќинките прикажуваат малку поинаква ситуација од реалната во нивниот дом.

Во последно време како да стана тренд мајките да прикачуваат фотографии од совршените оброци што ги приготвиле за себе и за своите малечки за во женските групи и за на Инстаграм. И во Македонија и во светот ситуацијата е иста.
Но, дали знаете дека тој резултат е добиен по долго центрирање на кадарот, прилагодување на светлината и низа филтери? Реалноста е сосема поинаква.
Наоколу има неред насекаде, детето вреска и едноставно владее хаос.
5 жени открија како изгледа реалноста додека ги прават совршените Инстаграм фотки од јадења:
„Под притисок сум дека сè мора да изгледа совршено за да го прикажам мојот беспрекорен семеен живот и да направам подобри фотки од другите домаќинки.“

„За крајниот резултат да биде совршен, секогаш мора да има тон неред.“

„Убавите фотографии од храна инспирираат, но тие не ја прикажуваат вистината за животот со деца, кој е прекрасен, но сосема различен од соништата кои сте ги имале за него.“

„Ве молам не ми судете што не ја прикажувам реалната ситуација.“

„Зад секоја фотка со здрави колачиња, има дете кое вреска и кое не знаете како ќе го прифати новиот вкус.“

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб...
„Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
„Ти на Инстаграм гледаш магична семејна фотографија, а јас и маж ми се испокаравме на патувањето со ...
„На патувањето со двете мали деца јас и мојот сопруг не се допревме, не зборував...
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе
„Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от...
„Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...
Исповед на самохрана мајка од Хрватска: „Возам автомобил стар 21 година, свој стан никогаш нема да м...
„Да бидеш мајка е тешко, ама да бидеш самохрана мајка е брутално тешко. Јас, нем...
„Привилегиите на татковците“ за кои луѓето не се свесни, според мајки
„Без разлика што ќе направи тој, му велат дека е одличен, прекрасен татко. Кога ...