Зошто баш тетката е важна личност во животот на секое дете?

Сеќавањата поврзани со тетките обично се однесуваат на забавни моменти, шеги, игри и „немој да си им кажала на родителите“ разговори.

zosto-bas-tetkata-e-vazna-licnost-vo-zivotot-na-sekoe-dete-001.jpg

Таа е одличен советник. Тетката дава добри совети, чува тајни и со задоволство ги споделува своите искуства, но не на здодевен начин како што тоа го прават родителите. Со тетките се разговара за темите кои никогаш не би ги отвориле со никој друг.

Тука е кога другите немаат време. И факт е дека децата се чувствуваат посебно во присуство на својата тетка. Таа за ништо на светот не би ги пропуштила важните моменти како родендени, прв школски ден, спортски натпревари, приредби...

Тетката е пример од кој децата црпат инспирација на секое поле – од кариера и хобија, до животни вредности и постапки.

Таа е член од семејството на кого може да му се каже сè. Децата попрво ќе ѝ се доверат на својата тетка за семејните проблеми или несогласувања со другарчето, отколку на било кој друг во кругот на семејството.

Тетката може да ги замени родителите. Секако, на краток временски период, но ако родителите се на пат или важен состанок – се знае кој е прва помош.

Тука е да го охрабри и поддржи детето. Ако случајно се соочи со неодобрување, забрана или сомневање во себе, тетката секогаш ќе најде начин како да пружи охрабрување и поддршка.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава