Стјуардеса што го доеше расплаканото бебе на патничка во авион стана вирален хит

„Ти си херој, ми ги наполни очите со солзи. Ти си вистински доказ дека мајките мора да се држат заедно“, беше еден од емотивните коментари за потегот на Патриша.

stjuardesa-shto-go-doeshe-rasplakanoto-bebe-na-patnichka-vo-avion-stana-viralen-hit-01.jpg

Патриша Органо (24) од Манила работи како стјуардеса во авиокомпанијата  Philippine Airlines. За време на еден неодамнешен лет таа забележала дека едно бебе плаче хистерично.

Ѝ се приближила на мајката да праша дали сè е во ред кога таа ѝ се пожалила дека ѝ се потрошило вештачкото млеко, а малечкото ѝ било многу гладно.

Патриша, која е мајка на 9-месечно дете и сè уште ја дои ќерката Џејд, се понудила да го надои детето на патничката.

stjuardesa-shto-go-doeshe-rasplakanoto-bebe-na-patnichka-vo-avion-stana-viralen-hit-02.jpgПатриша со нејзината ќерка Џејд

„Во мигот кога детето почна да цица млеко од мене се смири и видов огромно олеснување во очите на мајката. Нејзината ќерка веднаш потоа заспа. Знам каков хаос од емоции е тоа. И јас сум мајка и знам каков стрес е кога детето ви плаче, а вие не можете никако да го смирите“, изјави стјуардесата.

stjuardesa-shto-go-doeshe-rasplakanoto-bebe-na-patnichka-vo-avion-stana-viralen-hit-03.jpg

Покрај мајката и другите патници на летот биле воодушевени од потегот на Патриша, а фотографијата од неа како го дои малечкото стана вирален хит.

data-width="630" data-show-text="true">
class="fb-xfbml-parse-ignore">

I BREASTFED A STRANGER’S BABY INFLIGHT Yesteday, I was scheduled for a check flight to be qualified as a Cabin Crew...

Posted by Patrisha Organo on Wednesday, November 7, 2018

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит видео: Колку е прекрасно (читај напорно) патувањето со мало дете во Рим? Мало дете кое се качува по ограда, истура вино, се прави лом со сладолед, трча и...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...
Дуња, Мартин, Гаја - 13 најубави имиња за девојчиња и момчиња родени во есен Ако со нетрпение го очекувате вашето бебе, но сè уште не сте одлучиле какво име ...

Најчитани неделава