„Фејсбук и Инстаграм, родив мртво новороденче, доста ме таргетирате со реклами за бебиња“

„Моја вина е, едноставно не успеав да одолеам на Инстаграм да ставам хаштагови #30weekspregnant, #babybump, но…“

fejsbuk-i-instagram-rodiv-mrtvo-novorodenche-dosta-me-targetirate-so-reklamite-za-bebinja-01.jpg

Новинарката од Washington Post Џилиан Брокел на социјалните мрежи објави писмо упатено до технолошките компании.

Таа вели дека по нејзиното онлајн присуство Фејсбук и Инстаграм сфатиле дека е бремена и ја бомбардирале со вакви реклами. Но, што сега кога родила мртво новороденче?

„Моја вина е, едноставно не успеав да одолеам на Инстаграм да ставам хаштагови #30weekspregnant, #babybump. Плус, на Фејсбук отворав страници на брендови за трудничка облека, на Гугл пребарував креветчиња и колички, па нивниот алгоритам ме идентификуваше и ме таргетираше како бремена жена, но како тој алгоритам не сфати дека го изгубив мојот син во ноември?

Зарем не видовте дека пребарував „baby not moving“, зарем не видовте дека по 3 дена молк објавив статус со зборови како „heartbroken“, „problem“ и „stillborn“ и дека под тоа имаше стотици тажни знакчиња од моите пријатели? Зарем тоа не е нешто што треба да го следите?“

fejsbuk-i-instagram-rodiv-mrtvo-novorodenche-dosta-me-targetirate-so-reklamite-za-bebinja-02.jpg

Брокел вели дека покрај сета болка што ја чувствува сега, таа треба да се справува и со напливот на емоции кога на социјалните мрежи постојано ѝ излегуваат реклами за бебешки работи.

„Таргетираните реклами доаѓаат до мене на истиот начин како што ќе беше ако моето бебе беше живо“, вели таа.

„Ве молам технолошки компании, ако бевте паметни доволно за да сфатите дека сум бремена, сега сфатете дека моето бебе умре и соодветно таргетирајте ме или не ме таргетирајте воопшто, ако е возможно.“

Нејзината објава се прошири вирално и илјадници луѓе ѝ изразија поддршка.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб... „Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
„Ти на Инстаграм гледаш магична семејна фотографија, а јас и маж ми се испокаравме на патувањето со ... „На патувањето со двете мали деца јас и мојот сопруг не се допревме, не зборував...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Се породив во Шведска, немав свој доктор, ме прегледуваа бабици. Маж ми зема породилно отсуство“ „Во Шведска немаш „свој“ доктор за време на бременоста. Сите прегледи се со баби...
Акушерка од Србија: „Правила за посета на новороденче – не седете предолго на гости, измијте раце, н... „Тажно е што уште треба да се потсетуваме на вакви основни работи“, „Ова се прав...
„Децата не треба да имаат Инстаграм профил“: Навики кои модерните родители треба да ги заборават „Точно е дека постојат и лоши наставници, но ако вашето дете има слаби оценки, м...

Најчитани неделава