Заклетвата на секоја мајка...

zakletvata-na-sekoja-majka-01.jpg

Се викам мама. Некои ме викаат мајка. Некогаш и по име.

Понекогаш и плачот ќе биде доволен знак дека сум потребна. Да бидам тука. И ќе бидам будна 24 часа дневно. Дури и кога спијам. Секогаш на сец, со едно око отворено. Со едното уво наострено. Ќе го чекам првото вртење. Ќе чекам да почне да седи, да лази, да прооди...

Ќе ми ги пружа рачињата и ќе трча со дебелите ноџиња, со насмевка како ангел, а јас ќе бидам пресреќна поради таа слика, но и загрижена, да не случајно падне и се повреди. Ќе ја мазам, ќе ја бакнувам, прегрнувам. Секако, кога ќе ми го дозволи тоа.

Ќе викам, ќе беснеам и ќе посакувам да ме нема во часовите на лудило, замор и стрес. Но, ќе се трудам да не го покажам тоа пред бебето.

Ќе ја хранам, ќе менувам пелени, ќе ги бакнувам малите стапалки. Ќе ја учам на сè и постојано ќе ѝ зборувам.

Ќе и го покажам дрвото. И ќе го досегнеме дрвото заедно. Ќе глумиме дрво.

Ќе ѝ покажам куќа. И ќе ја допреме куќата. И ќе лаеме како куче.

Ќе ѝ раскажувам бајки. И ќе ја учам дека животот не е бајка. Дека постојат и Пепелашки и Снежани и џуџиња и лоши вештерки и злобни маќеи и дека постои Петар Пан кој ја бара својата сенка, дека сигурно некаде постојат и Ивица и Марица, и трите прасиња, и волкот и седумте јагниња.

zakletvata-na-sekoja-majka-03.jpg

Ќе играме додека пееме, и ќе пееме додека танцуваме.

Ќе ги освојуваме скалите, чекор по чекор, како да се качуваме на највисокиот врв на некоја планина. А, кога бебето ќе потпорасне, може и планини да освојуваме заедно. Иако некогаш повеќе ќе сакам на море.

Ќе бидам болна кога ќе биде болно и бебето. Дали навистина или од стрес, не знам, навистина. Но, и болна ќе бидам тука за моето сè. Бидејќи е важна. Неа ѝ е потешко отколку на мене.

Ќе ѝ купувам најубави фустани. И чевлички. И патичиња. Можеби не секогаш оние најскапите, но секогаш оние удобните. И најубавите.

И ќе гледам како ќе расте. Како патичињата ќе ѝ стануваат мали. Па, ќе ги тргнам на страна за да ги сочувам. Се надевам засекогаш.

Ќе ѝ купувам играчки. Дрвени, едукативни, гумени, пластични, какви и да пронајдам. Кои и да ми се допаднат. Кои и нејзе да ѝ се допаднат.

Но, пред сè ќе купувам книги. И додека си го држам детето во скутот, ќе го учам кое е кое животно, како се вели слон, прасе, кокошка. Која боја е автобусот, а како изгледа автомобилот.

Ќе се топам од милина секојпат кога ќе каже мама. И ќе бидам горда кога ќе каже друг збор. Па, дури и ако прозбори на свои 3 години. Ќе ја носам и ја земам од градинка. Ќе прислушкувам на вратата дали тоа е моето дете кое плаче. Или е добро, па си игра безгрижно. Ќе ја носам на прошетки. Долги и кратки.

Заедно ќе откриваме нови улици и нови предели. Ќе шета во чекор со мене. Или ќе ја носам. Понекогаш ќе ја возам во количка. Понекогаш ќе ѝ дадам да се вози во пластичен автомобил. Кога ќе падне и ќе се удри, нема да се плашам, туку ќе глумам дека го удирам подот, играчката или тоа нешто што ѝ наштетило.

Ќе ја бркам низ дома и ќе се кријам од неа, кога знам дека ќе ме бара и дека притоа ќе се смее.

Ќе ја учам да не го допира шпоретот, машината, штекерот и уште еден куп мали опасности. Ќе ја учам и ќе се надевам дека сум успеала во тоа.

Ќе ја делам храната. Ќе ѝ давам да јаде, ќе ја учам како сама да го држи приборот. Ќе ја пуштам да се храни. Иако тоа подразбира истурена храна и сокови и кашички кои се прелеваат. Тогаш, додека саканото спие, ќе го исчистам целиот тој хаос.

И понекогаш ќе пцујам, во себе. Ќе прават ручек. И појадок и вечера. Ужинки. Додека ќе го правам тоа, ќе ја ставам на пулт, за да ми биде блиску, да ми помага.

Ќе се муртиме на лимонот. Ќе се смешкаме на чоколадата. Ќе го пробаме секој рецепт и ќе јадеме што сакаме.

Ќе гледаме ѕвезди навечер. И месечина. И небо, облаци. Ќе го гледаме сонцето преку ден. Онака, додека мижиме, бидејќи нè заслепува.

Ќе шетаме по дожд. По снег. Ќе правиме ангелчиња и Снешко Белчо. Ќе газиме низ вирчиња. Ќе береме цвеќе. И ќе играме фудбал. Одбојка и тенис.

Ќе се возиме со автобус. Со воз, автомобил. Ќе летаме со авион. И ќе летаме на крилјата на фантазиите.

Ќе учиме една од друга. За животот. За љубовта. За среќата.

И што е најважно од сè – ќе го споделиме секој момент со тато. Нашиот најсакан. Бидејќи, кога сме тројцата сè е поубаво. И полесно, се разбира.

zakletvata-na-sekoja-majka-02.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg