Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најтешката задача во животот е правилно да воспитате дете

Нема поголема храброст од тоа да одгледате и воспитате дете. Таа храброст е храброста да се чувствува; да се чувствува болка, разочарување, страв, фрустрација, грижа, збунетост, тага… Да се чувствува и почитува сето ова како длабока човечка експресија на љубовта кон нашето дете и кон самите себеси.

Najgolemata hrabrost vo zivotot e da odgledate i vospitate dete 01

Да се биде родител подразбира многу подеми и падови, многу врски и односи што ќе ве променат, многу моќни приказни кои ќе ги носите со себе до крајот на животот, безброј аспекти што треба да ги разгледате секој пат кога ќе носите одлука и безброј контрадикторни информации кои ќе треба да ги истражите.

Еден од најголемите предизвици за секој родител е како да се чувствува безбеден среде ветерот од промени што се случуваат со неговото дете. Што е тоа на што може да се потпрете за да се стабилизирате, правилно да ја согледате ситуацијата и да го одберете вистинскиот пат?

Постојат три едноставни причини храбро да се соочите со вашите чувства и да ја искористите вашата интуиција како родител, затоа што овој пат е само ваш и никој не може да го изоди наместо вас.

Излезете од сопствената глава, погледнете во своето срце

Кога сме заглавени во море на фиксни идеи за тоа што е добро а што е лошо, се јавува тенденција прекумерно да ги анализираме нашите чувства. Ова го ограничува нашиот развој и предизвикува огромен притисок кој се одразува на се околу нас. Така страдаат сите, а најмногу вашето дете.

Najgolemata hrabrost vo zivotot e da odgledate i vospitate dete 02

Отворете го срцето за да ги препознаете потребите на своето дете

Штом ќе излезете од вашата глава, ќе си дадете простор да сфатите дека чувствата не мора да бидат добри или лоши. Чувствата не се вашиот непријател. Има едно едноставно објаснување за нив кое често го користат педагозите - чувствата се како времето, тие ви кажуваат што моментално живее во вас.

Времето секогаш се менува. Непријатните чувства може да ги искористите како корисна информација за тоа што му е потребно на вашето дете за да се чувствува посамоуверено во одредена ситуација.

Посветете внимание на она што е потребно за да ја зголемите довербата

Довербата значи да си верувате на себе и да му верувате на своето дете. Не се работи за однапред скроена судбина. Кога ќе препознаете потреба како причина за одредено чувство, имате одврзани раце креативно да го решите проблемот. Звучи премногу едноставно за да направи разлика, но со тек на време ќе сфатите дека тука лежи потенцијалот за правилен раст и развој.

Грижата за своето дете е грижа за нешто многу поголемо од вас самите. Тоа е љубовта на вашиот живот која верувале или не ќе ве направи експерт во решавање на секоја непредвидена ситуација само ако го слушате своето срце. Никој не смее да ве убеди во спротивното и не смеете да се посомневате во оваа ваша способност.

Ниту еден доктор, ниту еден политичар или духовен водич не знае како да го сака вашето дете како што тоа го можете вие. На крајот на краиштата, вашата љубов е единственото нешто што вашето дете го бара од вас. Таа е присутна во говорот на вашето тело, во топлината на вашиот глас кога му се обраќате. Таа бдее над него кога го заспивате, и е спакувана заедно со секоја ужинка што му ја подготвувате за на училиште.

Таа ја препознава несигурноста во отпорот на детето и останува цврста и непокорна во адолесценските денови. Стои исправено на првиот ден на училиште, при првото заљубување, првиот ден на работа, на денот кога ќе дочекате внуци. Таа љубов е присутна дури и тогаш кога ќе и дадете крилја да летне од своето гнездо.

Има ли нешто похеројско од ова?

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
„Бракот се менува по децата, но сакам тие да видат татко кој длабоко ја сака нивната мајка“ Бракот се менува кога ќе станете родители. Тоа е реалноста. Нема начин да се зао...
6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg