Оптимистични се, имаат помалку алергии и уште 3 причини зошто децата родени во мај се посебни

Децата кои се родени во мај имаат многу квалитети кои ги прават посебни и различни од останатите.

optimistichni-se-imaat-pomalku-alergii-i-ushte-3-prichini-zoshto-decata-rodeni-vo-maj-se-posebni-01.jpg

Покрај личните карактеристики, децата родени во овој месец имаат уште неколку квалитети заради кои мајките може да бидат среќни.

Пролетта е пред нив, ги очекува голема среќа, а научниците претставуваат уште неколку причини зошто овој месец е идеален за породување.

Зошто мајките кои имаат рок на породување во мај треба да се радуваат за нивните деца:

Тие имаат многу среќа

Според истражувањата, откриено е дека многу повеќе бебиња родени во мај се посреќни од останатите. Според психологот кој го водел истражувањето, причината за тоа би можело да лежи во промените во однесувањето на родителите и интеракцијата со децата во летните и зимски периоди.

Тие се пооптимистични

Во друго истражување, истиот психолог открил дека децата родени во мај имаат попозитивен пристап и гледиште кон животот.

Според психолозите, децата родени во мај би можело да се пооптимистични заради влијанието на рамноденицата врз допаминот, што ги контролира центрите во мозокот за задоволство.

Тие се „ноќни птици“

Истражување на оваа тема покажало дека бебињата родени во овој период не сакаат да си легнуваат рано и седат будни до подоцна, за разлика од зимските деца, но тоа не влијае и на будењето.

optimistichni-se-imaat-pomalku-alergii-i-ushte-3-prichini-zoshto-decata-rodeni-vo-maj-se-posebni-02.jpg

Имаат помал ризик од респираторни заболувања

Децата родени во мај се подобро заштитени од респираторни заболувања, отколку децата родени во другите месеци, според истражувањата.

Пролетните деца имаат помали шанси да развијат астма или други респираторни инфекции, но тоа не значи дека шансите не постојат.

Имаат помалку алергии

За разлика од децата кои се родени во есен и зима, децата родени во мај имаат многу помалку проблеми со алергии, астма и егзема.

optimistichni-se-imaat-pomalku-alergii-i-ushte-3-prichini-zoshto-decata-rodeni-vo-maj-se-posebni-03.jpg

Прочитајте и 10 особини на луѓето родени во мај

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...

Најчитани неделава