20 вистини кои татковците треба да им ги кажат на своите ќерки и синови

Мажите, па така и татковците, често не се силни со зборовите и не ги покажуваат лесно своите чувства, па честопати го премолчуваат она што би сакале да го кажат.

20 vistini koi tatkovcite treba da im gi kazat na svoite kerki i sinovi 01

Иако не ги покажуваат често чувствата тоа не значи дека не ги сакаат своите деца.

Ова се 20 вистини кои татковците не им ги кажуваат на своите ќерки и синови, а би сакале...

10 вистини кои татковците не им ги кажуваат на своите ќерки (а би сакале):

1. Луѓето ќе те проценуваат според изгледот. Ова не е фер, но светот така функционира.

2. Имај емпатија. Во секоја ситуација биди способна да се ставиш во позиција на лицето со кое комуницираш.

3. Обрни внимание на тоа како мажот ја сака својата мајка. На ист начин ќе те сака и тебе.

4. Можеш да направиш сè што може да направи и мажот, вклучувајќи органска хемија и монтирање на мебел.

5. Ништо не е попривлечно од интелигенцијата.

20 vistini koi tatkovcite treba da im gi kazat na svoite kerki i sinovi 02

6. Не мораш да сториш ништо за да натераш некого да те сака. Вистинската личност ќе ја помине пустината за да може да биде со тебе.

7. Притисокот на врсниците лежи во несигурноста. Биди сигурна во себе и нема да мораш да „се вклопуваш". Луѓето ќе дојдат кај тебе.

8. Ако некој навистина те сака ќе ти дозволи да ги поставиш границите. Не дозволувај некој да го земе она што не може да ти го врати.

20 vistini koi tatkovcite treba da im gi kazat na svoite kerki i sinovi 03

9. Научи како да ги филтрираш зборовите. Пред да кажеш нешто размисли како ќе звучат овие зборови.

10. Можеби не ти го кажувам ова често, но те сакам и горд сум на тебе.

10 вистини кои татковците не им ги кажуваат на своите синови (а би сакале):

1. Држи ја вратата и понуди ѝ го својот капут. Вниманието не е сексизам. Држи ја вратата за секого. Почитувањето не е сексизам.

2. Почитувај ја жената со која си.

3. Вистинскиот маж знае дека е во ред да се плаче.

4. Никогаш не заборавај дека, без оглед колку си сигурен дека си во право, понекогаш можеби си во криво.

5. Научи да ја врзуваш краватата.

20 vistini koi tatkovcite treba da im gi kazat na svoite kerki i sinovi 04

6. Притисокот на врсниците лежи во несигурноста. Биди сигурен во себе и нема да мораш да „се вклопуваш". Луѓето ќе дојдат кај тебе.

7. Научи да танцуваш. Нема ништо пософистицирано од маж со доверба на подиумот.

8. Жената на сликата или во филмот е нечија сестра / ќерка. Размислувај за неа на ист начин како што би сакал некој друг да размислува за твојата сестра / ќерка во истата позиција.

20 vistini koi tatkovcite treba da im gi kazat na svoite kerki i sinovi 05

9. Не постои фудбалски натпревар поважен од времето поминато со твојата партнерка.

10. Можеби не ти го кажувам ова често, но те сакам и горд сум на тебе.

 Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...

Најчитани неделава