Од што се плашат најмногу децата на различни возрасти во животот?

Децата имаат многу стравови, почнувајќи од ирационалните како стравот од чудовишта до сериозни како оние од природни катастрофи. Како што растат, така и нивните стравови се менуваат.

Od-sto-se-plasat-najmnogu-decata-na-razlicni-vozrasti-vo-zivotot-01.jpg

Стравовите кај децата се појавуваат неочекувано или како реакција на секојдневните случки.

Кои се најголемите стравови со кои се соочуваат децата во различни етапи од животот?

До 0 - 6 месеци

Бебињата може да покажат страв кога ќе слушнат гласен звук, под услов истиот да дојде неочекувано, односно изненадно. Алармантно може да биде и кога бебето не може да ја види ниту слушне мајката, односно кога чувствува дека е оставено само во просторијата.

Од 7 - 12 месеци

Во овој период особено се истакнува срамежливоста кај децата, како и стравот од непознати луѓе. Ова сугерира дека мозокот на детето се развива доволно за да може да ги распознае познатите од непознатите луѓе.

1 година

Одвојувањето од родителите е главниот страв во овој временски период од животот, кој останува со него до неговите 6 години. Детето, исто така, може да покаже и страв од бучава и одредени звуци, како на пример пуштање на вода во тоалетот, правосмукалка и слично.

2 години

Децата во овие години се плашат од големи животни и генерално од големи објекти. Стравот од темница се развива исто така во овие години и може да претставува пречка детето навреме да оди на спиење.

3 – 4 години

Поради развојот на фантазијата за време на оваа возраст децата имаат тенденција да замислуваат дека нешто лошо може да им се случи на нив или на другите луѓе. Соништата за нив оживуваат, најчесто сонуваат чудовишта или некои други застрашувачки работи и суштества. Појавуваат страв од животни и луѓе кои носат маски, а неретко им е потребна заштита и сигурност во текот на ноќта.

Од 5 – 6 години

Во овој период од животот децата се плашат од физички повреди, а можно е да имаат страв и од „лоши луѓе“. Нивните стравови се рефлектираат во игрите, бидејќи генерално се плашат дека ќе им се случи нешто лошо.

Се констатира дека во оваа временска рамка децата најмногу се плашат од духови, Баба Рога или други надреални суштества. Тие, исто така, пројавуваат страв и од грмотевици и молњи.

Од 7 – 8 години

Децата се плашат од самотија и празната куќа или стан. Не сакаат да остануваат сами во едно просторија. Често пати зборуваат за смртта и се плашат дека некој близок може да биде повреден. Исто така се плашат и од сообраќајни несреќи, а стравот од темници е сè уште присутен.

Од 9 – 12 години

Децата на оваа возраст се плашат од неуспех на училиште, од испрашувања и тестови. Се плашат од повреда и од смрт. Може слободно да се каже дека се плашат да пораснат, па поради ова често пати умеат да заплачат.

Тинејџери

Тинејџерите се плашат од личните односи кои ги воспоставуваат со другите и кои може да предизвикаат забуни и проблеми. Може повремено да ја истакнат својата загриженост во однос на политичката ситуација, бидејќи сè повеќе стануваат свесни за ситуацијата во којашто се наоѓаат, иако се релативно млади. Иднината ги плаши многу, слично како и сите останати теми поврзани со растењето и созревањето.

Како да им помогнете на децата да ги совладаат стравовите?

Психолозите сметаат дека солзите се сосема во ред, дури и пожелни. Мора да им дозволите на децата да ви се пожалат и добро да се исплачат. Гушнете ги и дозволете им да ги споделат своите стравови со вас.

Потоа, утешете ги, обидете се да им дадете совет и да ги охрабрите. Не исмевајте ги нивните стравови, без оглед на фактот колку се смешни и ирационални истите.

Битно е внимателно да ги сослушате и да ги охрабрите за почеток. Стравовите се сосема нормална појава кај децата, исто како и кај возрасните и во текот на растењето истите се менуваат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...

Најчитани неделава