Дали постои правилен начин да си играте со вашето дете?

Во општество каде акцентот се става на важноста на коефициентот на интелигенција и резултатите од тестовите, детската игра често се смета за луксуз, односно нешто за кое мора да се резервира време во тек на викендот.

Dali postoi pravilen nacin da si igrate so vaseto dete 01

Од друга страна, истражувањата на Американската академија за педијатрија наведуваат дека играта ги подготвува децата за живот на различни и подеднакво важни начини.

Играта е прекрасен начин за поврзување, учење или едноставно забава. Иако независната игра е од голема важност за малите деца, ќе се фокусираме на играта помеѓу родителите и децата.

Возрасните премногу размислуваат

Кога станува збор за играње со дете, честопати најдобриот начин да се започне е едноставно да се набљудува. Гледајте да видите во што ужива детето - можеби ќе забележите како си игра со играчка или како ја користи својата околина.

Откако ќе го сфатите ова, обидете се да не му судите или да го поправите она што го прават, освен ако е небезбедно или несоодветно.

Оттаму, детето најверојатно ќе ви покаже што да направите следно - кога го правите она што вашето дете го сака, тоа ќе сака да биде со вас.

Dali postoi pravilen nacin da si igrate so vaseto dete 02

Одолејте го нагонот да преземете контрола

Може да биде тешко да се ослободите до мера да ги следите идеите на вашето дете.

Откако ќе дознаете за што се интересира вашето дете, може да забележите модели во нивната игра и да претпоставите што сакаат понатаму. Наместо да избрзувате со заклучоци, обидете се да бидете трпеливи и да видите како нивните идеи се развиваат. Тоа што ќе му овозможите на детето да ја поведе ситуацијата значи дека ги почитувате неговите идеи.

Децата не треба да се обучуваат да си играат на начин кој им е угоден на возрасните. Децата треба да си играат на начин кој ги одликува нивните куриозитети, и со тоа што сме трпеливи играчи, можеме да им покажеме дека е безбедно и забавно кога ќе се приклучиме во играта.

Бидете целосно присутни за време на играта

Децата знаат кога сте расеани, брзате, или правите неколку работи истовремено. Тие знаат кога сте ангажирани во играта, наспроти моментите кога само повремено се приклучувате.

Тие секако не сакаат да се натпреваруваат со телевизорот или мобилниот за да го освојат вашето внимание - исклучете го телевизорот и оставете го телефонот во другата соба.

Дури и најмалите деца (две години и помали) се свесни за ова и може да реагираат ако се чувствуваат како игнорирани.

Тие имаат потреба од вашето целосно присуство. Се разбира, не можете да им пружате целосно внимание на децата преку целиот ден, но кога ќе можете, бидете присутни 100%.

Dali postoi pravilen nacin da si igrate so vaseto dete 03

Вашето дете мисли дека е забавно, дури и ако вие мислите поинаку

Понекогаш играта е забавна и лесна, а понекогаш непријатна и фрустрирачка. Ако вашите родители не си играле со вас, можеби нема да се чувствувате удобно да си играте со своите деца.

Можеби не знаете што да направите, или можеби се чувствувате засрамено да му се приклучите на детето во нешто што ви изгледа глупаво или смешно. Можеби сте биле воспитани да верувате дека децата едноставно треба да играат сами.

Знајте дека нема ништо што може да го направите погрешно ако внимателно го следите своето дете. Доколку чувствувате дека ви е потребна помош, на интернет се достапни многу методи и совети за тоа како да постапите.

И запомнете, иако психолозите имаат повеќе искуство со деца, вие сте експерт за вашето дете, и секогаш ќе бидете најверниот соиграч во неговите очи.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава