Отворено писмо до мојата бремена пријателка: „Ќе бидеш прекрасна мајка“

За пријателките кои очекуваат дете и се исплашени, за пријателките кои не знаат што ги чека, за пријателките кои не знаат какви мајки ќе бидат...

otvoreno-pismo-do-mojata-bremena-prijatelka-kje-bidesh-prekrasna-majka-01.jpg

Препратете им го ова писмо и охрабрете ги:

Моја прекрасна пријателке,

Го можеш ова. Знам дека си загрижена. Знам дека си исплашена.

Сè што те чека во наредниот период, сега ти е една голема и застрашувачка мистерија. Се прашуваш каква мајка ќе бидеш и дали ќе бидеш достојна за улогата. Она што го знам со сигурност, е дека го можеш ова. Зошто? Па, има неколку причини...

Ќе бидеш прекрасна мајка.

Сум те видела со моите и со други деца. Додека ти се сомневаш во себе (како и сите други во тој период), прашувајќи се дали ќе бидеш добра мајка, јас немам никаков сомнеж во тоа.

Со моите деца, ти си љубезна, трпелива, грижлива и забавна. Ќе бидеш иста таква дури и подобра со твоите деца. Го имаш најголемото срце од сите луѓе што ги познавам. Твоето бебе е вистински среќник.

Побарај ме за помош. Сериозно.

Сакам да ти кажам дека кога твоето бебе ќе се роди, можеш да бараш помош од мене. Знам дека мислиш дека тоа не е во ред бидејќи имам 3 мали деца. Но, ти кажувам дека е во ред. Ако можам да помогнам, ќе го направам тоа. Сакам.

Сакам да ти кажам дека кога твоето бебе ќе се роди, можеш да бараш совет од мене. Но, не мора да го прифатиш. Нема да те попречувам да си го најдеш својот пат, ќе ти помогнам да чекориш по него.

Ќе бидам најдобра 'тетка'.

Сакам да ти кажам дека ќе го обожавам твоето бебе. Исто како и ти што ги обожавате моите. Секое од нив. Иако ниту една од нас не сакаше деца порано. Се сеќаваш?

Сакам да знаеш дека ако можам, ќе шетам по ходниците на болницата додека се породуваш – загрижена и возбудена истовремено. Ќе пијам грозно кафе од стиропорна чаша. Бидејќи, ќе сакам да бидам првата личност со која ти и твојот сопруг ќе го запознаете малечкото човече кога ќе се роди.

Многу сум горда на тебе.

Сакам да знаеш дека независно како ќе се справиш и за што ќе се одлучуваш, ќе бидам горда на тебе. Ако прифатиш епидурална. Или ако одбиеш. Ако бебето спие добро. Или ако не спие. Ако никогаш не се жалиш дека си изморена. Или ако се жалиш секој божји ден. Ако имплементираш рутина или ако живееш од ден за ден.

Ќе бидам горда на тебе независно како ќе се справиш, независно колку пати ќе се чувствуваш како да потфрлуваш и не успеваш. Бидејќи нема да потфрлиш. На ниту еден начин. И јас ќе бидам горда.

Не одам никаде.

Сакам да ти кажам дека јас сум ти семејство. Јас сум во ова заедно со тебе, за нас, за моите деца, за твоите деца. За нашите деца. Семејство.

Сакам да знаеш дека ако имаш потреба да бидеш само со твоето вистинско семејство, ќе разберам. Ќе се чувствувам како со половина срце без тебе, но ќе разберам. И секогаш ќе бидам тука кога и да ме побараш.

Сакам да знаеш дека секогаш ќе бидеме ние. Смешните, откачени и легендарните ние. Доволно стари за да знаеме подобро, но млади во душа за да се забавуваме и да не се грижиме за ништо.

Наскоро ќе ти се променат многу работи во животот. Но едно ќе остане исто. НИЕ.

Ќе имаш бебе!

Те сакам,
Твојата најдобра пријателка.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...
„Ќерка ми трпеше болка во стомак за да не нè загрижува – заврши на итна операција со пукнато слепо ц... Исповед на мајка од Србија со моќен апел до родителите: „Таа трпеше болка долго,...

Најчитани неделава